4 трикови што ќе ви помогнат да ги научите децата секогаш да заспиваат на време

Ако имате деца, веројатно често доживувате фрустрации од типот солзи, бес, тантруми, играње со играчки откако ќе го изгаснете светлото… 

Kako da go naterate deteto da zaspie togas koga e vreme za toa 01

Заспивањето на детето може да го претвори и најмирниот дом во бојно поле. И ова не е само фрустрација - недостатокот на сон кај децата може да резултира со сериозни здравствени последици. Намалувањето на ноќниот сон за само еден час, може да влијае на концентрацијата на вашето дете, односно неговата способност да обрне внимание.

Недоволно сон кај децата, исто така, се поврзува со дијабетес, хипертензија и прекумерна тежина.

Тоа може да доведе до емоционални нарушувања и проблеми во однесувањето слични на оние кај деца со синдром на дефицит внимание и хиперактивност (ADHD).

Сето ова звучи страшно и вие сте свесни за важноста на сонот, но не постои начин да го натерате детето да заспие тогаш кога е време за тоа.

Тогаш, што да направите за да ја добиете оваа борба?

Утврдете ритуали за спиење за секого

Првото нешто што треба да го направите е да се прашате дали имате ноќна рутина. Како изгледа вашиот обид да ги легнете децата в кревет?

Иако секое семејство има свој, посебен ритуал, експертите се согласуваат во едно - на детето треба да му се понуди мала, здрава закуска и топла бања, а потоа да му прочитате смирувачка приказна.

Времето пред телевизорот или друга технологија треба да се сведе на нула најмалку еден час пред спиење.

Kako da go naterate deteto da zaspie togas koga e vreme za toa 02 1

Јадете храна што го помага сонот

Исхрана е следниот дел од загатката за цврст и мирен сон. Она што вие и вашите деца јадете во текот на денот - не само за вечера - може да има големо влијание врз ноќниот сон.

Добрите протеини и здрави масти во оброците помагаат да се балансира шеќерот во крвта, а со балансирање на шеќерот во крвта ќе се балансира кортизолот, кој е стрес хормон.

Ако кортизолот се покачи во текот на вечерта, на децата им станува тешко да заспијат.

За да се одржи рамнотежата во текот на спиењето, шеќерот во крвта и кортизолот бараат исхрана со многу свежо овошје, зелен лиснат зеленчук и протеини како грав и мешунки.

Здравите масти од ореви, семиња, маслиново масло и авокадо исто така се важен дел од исхраната која го помага сонот.

Kako da go naterate deteto da zaspie togas koga e vreme za toa 02

Подгответе се за стресот поради враќање на училиште

Исхраната не е единственото нешто што влијае на нивото на кортизол. Надворешните стресови се исто така виновни, а тоа најмногу се чувствува при преминот лето - есен.

За многу семејства, септември ја навестува бурната нова реалност: училиште, градинка, па и вашето порано станување за на работа. Сиот тој стрес и вознемиреност може да влијае на детскиот сон.

Имајте активна, отворена комуникација со своите деца за се што може да ги мачи.

Вежбањето наутро или попладне, a не подоцна во текот на ноќта, е навистина важно за да се балансираат различни хормони во нервниот систем.

Тоа ќе помогне во релаксација подоцна во текот на ноќта.

Kako da go naterate deteto da zaspie togas koga e vreme za toa 03

Пронајдете го вашиот начин

Секој родител знае што е најдобро за неговото дете - само вие може да создадете рутина што ќе функционира.

Вметнете растителни чаеви во дневното мени на детето - камилицата е одамна позната по своите смирувачки својства.

Чекор понатаму е магнезиумот, кој е нежен и релаксирачки за нервниот систем и генерално безбеден за децата.

За какви било витамински додатоци во исхраната консултирајте се со вашиот матичен лекар или педијатар.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава