Совети од мажи што ќе им помогнат на мајките кои одгледуваат синови
Навистина е лесно родителите да се изгубат во врската со нивните деца.
Од бебиња на кои постојано им е потребна грижа, децата брзо се претвораат во тинејџери кои бараат слобода и приватност.
А, ова може да биде особено тешко за мајките кои имаат синови, бидејќи тие не знаат како е да се биде возрасен маж.
Машките корисници на Reddit решиле да им помогнат на овие мајки и да ги споделат нивните искуства со одгледување синови.
Ова се најдобрите совети за мајките кои одгледуваат синови:
Исполнувајте ги ветувањата
„Ова особено важи за малите ветувања кои лесно се забораваат. Ако заборавите да исполните ветување на вашето дете, извинете му се прашајте го што можете да направите. Со ова ќе го научите детето да си стои на својот збор.“
Бидете строги, на момчињата им требаат граници
„Мајка ми никогаш не ме казнуваше. Некогаш се закануваше дека ќе ме казни, но потоа не правеше ништо. Со текот на времето, престана и да се заканува.
Во тинејџерски години можев да правам што сакав. Бегав од училиште, се искрадував од дома, го крадев автомобилот, пиев… Мајка ми беше гневна, но следниот ден се однесуваше како ништо да не се случило. Тогаш мислев дека имам кул мајка, но сега сфаќам дека ѝ било тешко да биде родител во проблематичните моменти.“
Не викајте му на синот ако сте гневни, ова нема да промени ништо
„Бидете строги, но објаснете зошто и направете го тоа на нежен начин. Постојаното викање на детето нема да го промени неговото однесување. Првиот инстинкт на децата кога се во неволја е да се затворат.“
Заборавете ја фразата „Мајката знае најдобро“
„Навистина е лошо кога се обидувате да се одбраните себеси или нешто што сакате, а да знаете дека на крајот ќе бидете целосно одбиени.“
Вклучете се во неговиот живот, но не претерувајте
„Најзатворените и момчињата под најмногу стрес, беа оние чии мајки им го контролираа секој дел од животот.“
Научете го да работи
„На почетокот, мајка ми не ми дозволуваше да правам ништо бидејќи бев мал. Подоцна, кога бев тинејџер, не ми дозволуваше да работам бидејќи бев млад и бидејќи сум имал време да работам во иднина. А, одеднаш, почна да ме прашува зошто не сакам да работам.“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





