Совети од мажи што ќе им помогнат на мајките кои одгледуваат синови
Ако сакате да заврши некоја обврска, кажете му
„Немојте суптилно да му кажувате на синот што сакате да направи, а потоа да бидете гневни бидејќи не ве разбрал. Наместо тоа, дадете му јасни инструкции што треба да направи.“
Научете го да готви
„На мојот цимер, сите оброци му ги готвеше мајка му. Беше навистина тажно да го гледате како се обидува самиот да зготви нешто.“
Не го задевајте за неговите пријателки
„Ова сигурно ќе предизвика проблеми и вашиот син нема да сака да зборува со вас кога навистина ќе му се допаѓа некоја девојка.“
Не им ги откривајте неговите тајни на другите
„Мајка ми им кажуваше сè на братучедите, роднините и блиските пријатели. Си ја научив лекцијата кога ѝ кажав нешто навистина лично во средно, а потоа сите почнаа да ме прашуваат за тоа.
Оттогаш, ѝ немам кажано ништо лично. Сега редовно се жали за тоа, но мамо, има причина за тоа.“
Ако сте разведени, не жалете му се на синот за неговиот татко
„Не заборавајте дека вашиот син ве сака и двајцата, а најлошо нешто за едно дете е да треба да избира помеѓу родителите. Покрај тоа, ако го правите ова, кога вашиот син ќе порасне најверојатно ќе се оддалечи и од двајцата.
Дајте му приватност на синот
„Родителите ги извадија бравите од мојата соба и ме тераа да ја држам вратат отворена. Влегуваа ненајавени, до тој степен, што се научив да се кријам во гардероберот кога се облекувам.
Одев под туш само за да имам барем малку приватност. Понекогаш, не функционираше ни тоа.“
Покажете му дека има многу начини да биде маж
„Покажете му на синот дека да се биде маж, не значи да се биде само силен. Да се биде маж значи да се биде и добар и грижлив. Вдомете маче или куче и покажете му како да се грижи за нешто.“
Не заборавајте дека момчињата се полни со енергија
„Машките имаат потреба да ја исфрлат оваа енергија преку физичка активност, спорт и игри. Не купувајте кршливи предмети во домот и набавете му велосипед на синот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





