Тајните на јапонските родители - Зошто нивните деца се секогаш послушни?

Јапонија е земја на која ѝ се восхитуваат многумина, а има многу причини за тоа. Една од нив е начинот на којшто ги воспитуваат нивните деца.

tajnite-na-japonskite-roditeli-zoshto-nivnite-deca-se-sekogash-poslushni-01.jpg

Сите знаат дека Јапонците се упорни и истрајни и секогаш внимаваат на своето однесување. Познати се и по почитта што им ја покажуваат на другите, но и по нивната посветеност на работата.

Сето ова се одлики што се стекнуваат уште во детството, па сигурно ве интересира кои се тајните на јапонските родители.

Јапонците ги ценат семејните врски

Блискиот однос со членовите од семејството е она што ги прави Јапонците навистина посебни.

Оваа врска помеѓу помладите и постарите членови од семејството е заснована на меѓусебна грижа и сочувство - нешто што ретко се гледа во другите краеви од светот.

Старите луѓе во Јапонија се сметаат за мудри и добиваат почит и внимание. Од друга страна, децата никогаш не се занемаруваат и постарите секогаш се трпеливи кон нив. Тие се однесуваат како нивни ментори, а не како критичари и луѓе што ги казнуваат.

Токму ова е тајната за хармонијата помеѓу сите генерации.

Јапонците имаат и многу строги граници. На пример, бабите и дедовците не се грижат за внуците само кога родителите се зафатени, туку секогаш сакаат да го прават тоа. Семејните врски во Јапонија не се засновани на „размена на услуги“, туку на верувањето дека секој на светот си има свое место.

tajnite-na-japonskite-roditeli-zoshto-nivnite-deca-se-sekogash-poslushni-02.jpg

Разбирање на родителството

Мнозинството Јапонци веруваат дека родителите треба да покажат разбирање кон своите деца.

Тие никогаш не го повишуваат гласот кога разговараат со своите деца, избегнуваат да ги казнуваат и ги учат како да се поврзат со светот и како да ги почитуваат туѓите чувства.

Ако детето се однесува лошо, родителите го „казнуваат“ со прекорен поглед. На овој начин му покажуваат дека тоа однесување е неприфатливо, без да ја разнишаат неговата самодоверба.

Ако, на пример, детето скрши играчка, родителите му кажуваат дека погрешило, а не дека ја скршило играчката. Јапонците ја нагласуваат важноста на некоја постапка, па децата уште од најрана возраст учат да бидат свесни за нивното опкружување и водат сметка за сè околу нив.

tajnite-na-japonskite-roditeli-zoshto-nivnite-deca-se-sekogash-poslushni-03.jpg

Слободно време

Јапонците сакаат да го минуваат нивното слободно време со своите деца. Најважно им е да изградат силна врска со нивните деца, а ова е нивната најголема тајна.

Во Јапонија многу ретко се случува мајките да ги запишат децата во градинка пред да наполнат 3 години. Всушност, Јапонките ги носат своите деца насекаде, бидејќи веруваат дека оваа физичка близина е клучна за длабоката и силна врска.

Јапонците веруваат дека близината на мајката ја смирува душата на децата. Исто така, мајките се обидуваат и да разговараат со своите деца, што е можно повеќе. 

Сличен е и односот со бабите и дедовците. Јапонските семејства редовно ручаат заедно, разговараат и си раскажуваат како им поминал денот. На овој начин, децата имаат чувство дека припаѓаат негде, а ја учат и важноста на вербалната комуникација.

tajnite-na-japonskite-roditeli-zoshto-nivnite-deca-se-sekogash-poslushni-04.jpg

Воглавно, јапонските деца растат во опкружување без непријатни изненадувања и полно со љубов. Свесни се дека постојат правила што треба да ги почитуваат и дека секоја личност има свое место и своја улога.

Ова ги смирува, ги прави повнимателни и им помага да сфатат дека нема потреба да бидат агресивни кога ги искажуваат своите емоции.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....

Најчитани неделава