Емотивно писмо од татко до неговата ќерка: „Животот не ми даде прирачник за деца“

Кога се роди, бев избезумен. Животот не ми даде прирачник за деца. Медицинските сестри не ми дадоа никакво објаснување, само рекоа – „Се роди и не дише“

emotivno-pismo-od-tatko-do-negovata-kjerka-nemoj-da-se-sramish-koga-zboruvash-so-prazna-stolica-ili-fotografija-01.jpg

Седев во чекалната и се прашував – како може човечки живот да не дише? И одеднаш истрчаа од салата и извикаа – „Честитки! Мајката и девојчето се добри, ќе имате вистински борец!“

Бегав од твоите пелени. Кога имаше грчеви, знаев само да те бакнам и да чекам да помине. Потоа следеа твоите први насмевки, па чекори, па зборови. Првата кашлица. Првите фотографии. Плачењето кога треба да се оди во градинка. Си ги „таманеше“ Кики бонбоните што ти се лепеа на заби, па без да обрнуваш внимание на тоа дали ти се рацете чисти, си ги вадеше лепливите делови со прстиња.

Никогаш не можев да сфатам зошто толку ги сакаше цртаните на кои секојпат плачеше на крај. Не можам да заборавам ни кога ми бараше да те запишам на курс за летање, за да можеш да се дружиш со Петар Пан.

Уште го слушам звукот на пенкалото додека правеше чкртаници учејќи да пишуваш. И звукот на брановите додека се обидуваш да пливаш. Прво ќе се наголташ малку солена вода, па ќе се свртиш накај мене. Се сеќавам и како се смееш додека сладоледот ти капе по белото фустанче. Никогаш не знаеше да облечеш бело, а да не се извалкаш. Но знам дека еден ден ќе успееш да облечеш бело, кога вистинскиот ќе ти го украде срцето.

Се сеќавам како глумиш дека паѓаш во несвест на школската приредба, бидејќи си го заборавила текстот. Ти аплаудирам за снаодливоста.

Те слушам како и кажуваш на баба дека нема право да те советува бидејќи не излегува од дворот на село... потоа таа ти раскажува како дедо ја украл од дома и дека успеала да го зачува семејството силно и на куп. Ја прегрнуваш и ѝ ветуваш дека еден ден ќе напишеш роман за нејзиниот живот.

Те учам да кажеш „благодаран, не сакам, сакам, љубов, сон, сакам, среќа, е*и се кретену, можам, знам“.

Знам дека ти беше здодевно додека те убедував дека тетоважите се минлива мода. Дека алкохолот не се лока, туку се ужива во него. Дека не ти се потребни опијати за пишување. Дека е потребно да чувствуваш за да пишуваш. Само така твојот свет нема да престане да живее. Се обидував, и на крај ти објаснив.

Бев покрај тебе и бев тука за тебе. Се борев... Можеби не како татковците на Соња или Ана, но се борев. Те учев да се бориш и сама. Да не бидеш кревка принцеза. Да бидеш мангуп и принцеза истовремено.

Сакам да ти кажам дека сум горд на личноста во која израсна.

Сакам да ти кажам редовно да спиеш, да јадеш повеќе овошје и помалку да пушиш. Да не излегуваш со мокра коса надвор. Да ги „шутнеш“ сите што ќе те повредат.

Знам дека ти недостасува да го одложам оружјето, да те прегрнам и да ти шепнам – „ќерко, овој фраер ти е супер!“. Мене тоа ми недостасува уште повеќе, бидејќи има многу работи, обични и секојдневни, со кои сакам да ти досадувам.

Малечка, немој да очајуваш по оние кои нема да те забележат. Момците од твоите приказни не се ни свесни колку се среќни, што макар на кратко биле дел од твојот свет.

Немој да се срамиш кога зборуваш со празна столица, со фотографија или со плоча...

На тебе барем не морам да ти објаснувам дека секогаш сум тука. А, светот нека мисли дека си луда.

Терај ја твојата приказна, вади се сама од го*на и секогаш оди нанапред и нагоре. Тоа се единствените два правци кои се дозволени.

И прегрни ја мајка ти некогаш!

Автор: Тијана Бановиќ / Извор: Здружение Тим-Поддршка на родители

Би можело да ве интересира:

„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава