Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана

„Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се обидувала да бидеш неверојатна на секое поле, а јас ќе се сеќавам само дали беше среќна...“

mamo-ne-morash-da-bidesh-super-zhena-01.jpg

Секоја совесна мајка сака да биде СУПЕР МАМА за своето малечко, но на секое детенце му е потребна само МАМА, која не мора да биде СУПЕР жена.

Писмо кое секоја мајка треба да го прочита:

„Мамо,

Не мораш да водиш сметка за сè. Не мораш да бидеш СУПЕР мајка, СУПЕР сопруга, СУПЕР работник. Не мораш да бидеш СУПЕР ЖЕНА.

Затоа што еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се обидувала да бидеш неверојатна на секое поле.

Затоа остави ги домашните обврски за подоцна, оди прошетај во парк, вежбај во фитнес центарот, оди на шопинг, купи си нешто, посети салон за убавина... Биди ти, грижи се за себе, сакај се себе и направи некои работи само за себе.

Децата ќе пораснат, мажот може и да си замине, на работа ќе ти пронајдат замена, а куќата ќе станува нечиста одново и одново, но ти нема да имаш втора шанса“.

mamo-ne-morash-da-bidesh-super-zhena-02.jpg

Кажете ѝ на вашата мајка дека не е важно дали денес стигнала да приготви појадок, ручек и вечера или да ја среди куќата под конец, туку важно е како таа денес се чувствува.

За жал, не може сè да биде совршено, а мајките понекогаш во трка по совршенство често забораваат дека се само луѓе. Бидете тука за нив да ги потсетите дека ништо не мораат, освен да ве сакаат безусловно.

Потсетете ги дека вие како нивни деца ќе се сеќавате на нивната насмевка, присуство и енергија, а ако постојано се уморни и нервозни, тогаш дека како такви ќе ги паметите.

Извор

Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Стара жена лежеше во болница, а син ѝ само прашуваше дали уште е жива - За станот. За документите“ Работата во болница го учи човек на многу работи. Со текот на времето учиш како ...
„Мажи, жена ви не е уморна затоа што е слаба, туку затоа што не сопира и е на раб од исцрпеност“ Ако видиш мајка што е на работ на изнемоштеност, еве како навистина да ѝ помогне...
Драг мажу... Жал ми е што го добиваш она што останало од мене на крајот на денот, исцедена... „Ме добиваш кога веќе сум исцедена до крај. Испразнета од балансирање, од натега...

Најчитани неделава