Како да ја покажете љубовта кон вашите деца, без да им купувате сè и сешто

Љубовта, без разлика каква е, доаѓа со многу предизвици.

kako-da-ja-pokazhete-vashata-ljubov-kon-decata-bez-da-im-kupuvate-se-i-seshto-01.jpg

Понекогаш знаете што точно треба да направите за да ја покажете вашата љубов, но постојат и мигови кога немате никаква идеја. А, уште потешко е да им покажете на вашите деца колку многу ги сакате.

Во зависност од нивната возраст, децата не секогаш знаат што точно е родителската љубов, па треба навистина да се потрудите.

Многу родители сметаат дека купувањето разни играчки ќе им покаже на нивните деца колку ги сакаат, но има начин да ја покажете вашата љубов и без да трошите пари.

Погледнете како да го направите тоа:

Читајте со вашето дете

Ако вашето дете не знае да чита, обидете се да најдете време да му читате разни сликовници, раскази, бајки… Читањето на глас за вас може да биде како терапија, а уште подобро е што ќе ве зближи со вашето малечко.

Ако, пак, детето е повозрасно, предложете му некоја книга што ќе ја прочитате заедно, а потоа со часови разговарајте за дејството и ликовите.

Слушајте што има да каже

Многу често возрасните ги игнорираат зборовите на децата, но ова има лошо влијание врз нив.

Ако сте како повеќето, сигурно во детството сте се нашле во ваква ситуација, па знаете колку е лошо да бидете игнорирани. Затоа, слушајте го секој збор што има да го каже вашето дете. Третирајте го како личност еднаква на вас.

Без разлика за што ви зборува детето, слушајте го и покажете му дека и неговото мислење е важно.

kako-da-ja-pokazhete-vashata-ljubov-kon-decata-bez-da-im-kupuvate-se-i-seshto-02.jpg

Прашајте го како го поминало денот

Периодов веројатно вашето дете е постојано дома, но штом ќе се врати на училиште или во градинка, прашувајте го како го поминало денот.

Прашувајте го за неговите пријатели, за нештата што се случиле во текот на денот, за неговите чувства. Едноставно, со овие прашања покажете му дека се интересирате за него.

Не ги запоставувајте неговите интереси

Веројатно имате различни вкусови за музика, филмови и облека со вашите родители. Истото важи и за вас и вашите деца. Сепак, обидете се да ги прифатите интересите на вашето дете.

Дозволете му да зборува за омилената песна, дозволете му да учи да танцува ако го сака тоа, охрабрете го да ги следи сите негови интереси.

Вашето дете дефинитивно ќе ја помни поддршката што ја добило од вас.

kako-da-ja-pokazhete-vashata-ljubov-kon-decata-bez-da-im-kupuvate-se-i-seshto-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...

Најчитани неделава