Како децата со слаби оцени во училиште, стануваат успешни возрасни личности?

Секој родител сака неговото дете да биде добар ученик, но понекогаш оцените не се мерило за успехот.

kako-decata-so-slabi-oceni-vo-uchilishte-stanuvaat-uspeshni-vozrasni-lichnosti-01.jpg

Нормално е да сакате вашето дете да покажува добри резултати во училиште. Сепак, образованието најчесто го поврзуваме и со успех. Нo само затоа што вашето дете не е одлично, не значи дека ќе биде и неуспешно.

Погледнете зошто и децата со слаби оценки можат да бидат многу успешни возрасни:

Навикнати се на критики

Послабите ученици редовно се соочуваат со критики и поради ова, со текот на времето, се навикнуваат на нив. Од друга страна, оние кои се одлични ученици најчесто се навикнати на пофалби, па многу потешко се справуваат со критиките.

Во овој случај, послабиот ученик има предност бидејќи критиките и лошите зборови што ќе ги чуе подоцна во животот нема да имаат многу лошо влијание врз него.

Не сака да исполнува туѓи идеали

Неретко, распоредот на одличните ученици е пренатрупан – мораат да напишат домашна, да научат за следниот ден, но и да присуствуваат на вонучилишни активности. Воглавно, децата го прават ова бидејќи родителите им велат така, па тие се обидуваат да ги исполнат нивните идеали.

Некои послаби ученици сметаат дека не треба секогаш да ги исполнуваат туѓите желби и немаат потреба да бидат совршени. Ова е одлика што сигурно ќе им се најде во иднина.

zoshto-i-decata-so-slabi-ocenki-mozhat-da-bidat-uspeshni-vozrasni-02.jpg

Знаат дека треба да работат напорно ако сакаат нешто

Штом детето има ниска оцена, наставникот дефинитивно не му попуштил. Ова, пак, ќе му помогне на детето да сфати дека ако сака да добие нешто, во овој случај повисока оцена, ќе мора да направи нешто во врска тоа.

Ова е уште една лекција што ќе му се најде подоцна од животот и ќе му помогне да биде одговорна личност. Истовремено, поради ова детето никогаш нема да чека нешто „на готово“ и секогаш само ќе се труди да го постигне она што го сака.

Знае дека може да им се спротивстави на другите

Неретко одличните ученици се тивки и премолчуваат дури и во ситуации кога се во право. Причината е што не сакаат некој да мисли лошо за нив.

Но, послабите ученици знаат да ги прекршат правилата и јасно им е дека можат да им се спротивстават на другите кога се во право.

Па така се смета и дека кога ќе пораснат, ќе знаат да се изборат за своите права, а на овие деца нема да им биде страв да побараат покачување на платата и слично.

zoshto-i-decata-so-slabi-ocenki-mozhat-da-bidat-uspeshni-vozrasni-03.jpg

Не им е страв да побараат помош

Обично одличните ученици сакаат сè да сработат сами и ретко бараат помош, дури и кога навистина им треба. На послабите ученици најважно им е да ја поминат годината, па ако имаат потреба, без проблем ќе побараат и помош.

Тие не го гледаат барањето помош како знак за слабост, туку како можност да успеат во нешто. Нормално, и ова е одлика што сигурно ќе им биде корисна подоцна во животот.

Знаат како да се расправаат и да преговараат

Ако на слабиот ученик му се заканува единица на крајот од годината, тој ќе најде начин да го убеди наставникот да му стави повисока оценка. Не значи дека ќе успее во тоа, но ќе се расправа и ќе преговара, а ова е навистина важна одлика на успешните луѓе.

На детето не му е страв да преговара со наставникот, кој е многу постар од него, па и подоцна во животот без проблем ќе го прави тоа - не во смисла на кавга, туку разговор во кој ќе ги убедува другите на нешто.

Сепак, сето ова не значи дека детето треба да го запостави образованието и учењето. Сепак, тоа е важен дел од неговиот живот и треба да го мотивирате да учи, бидејќи знаењата се неопходни во животот.

Но, имајте на ум дека само затоа што има неколку слаби оценки, не значи дека нема да успее во животот.

Спирова С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...

Најчитани неделава