Како да го заштитите бебето од летните горештини?

Колку топло е премногу топло? Како да го заштитите бебето од високите температури?

kako-da-go-zashtitite-bebeto-od-letnite-goreshtini-01.jpg

Важно е да препознаете кога е премногу топло за детето, кога не смее да излегува надвор, а кога сте надвор, како да му го олесните искуството.

Независно дали сте на прошетка или плажа, добро е да знаете како да го заштитите од горештини кога температурата е над 26 степени.

За да спречите прегревање на бебето, држете се до следните правила:

1. Барајте природна сенка и не го изложувајте на сонце.

2. Облечете го во лесна облека од природни материјали, во светла боја – препорачливо е и шеширче што ќе му го штити лицето и вратот.

3. Држете го хидратизирано и најадено – секогаш имајте водичка со вас, а ако е малечко, мајчиното млеко е најдобар избор.

4. Користете крем за сончање, но претходно консултирајте се со лекар.

5. Никако не ја покривајте количката со ткаенина – така ја зголемувате температурата. Прочитајте повеќе ТУКА

6. Внимавајте како го носите во прегратка – ако на вас ви е топло, топлината се пренесува на детето.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
12 фотки што ќе ви го стопат срцето - првата средба на семејството со новото бебе „Имам 44 години и не мислев дека ќе станам татко, но тоа се смени денеска. Запоз...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...

Најчитани неделава