„Докторите ме советуваа да абортирам заради неговиот деформитет“ – мајка раскажува за својата правилна одлука

Кога лекарите им соопштиле дека ќе добијат бебе со деформитет, младиот пар знаел дека сака без оглед на сè да го задржат.

doktorite-me-sovetuvaa-da-abortiram-zaradi-negoviot-deformitet-majka-raskazuva-za-svojata-pravilna-odluka-01.jpg

Во ниту еден момент не се двоумеле за да се ослободат од него уште во бременоста. Биле подготвени да се борат со сите препреки. Сара и Крис Хелер ја споделуваат својата приказна со светот со цел да го променат начинот на размислување на кој се доживуваат децата кои се раѓаат со одредени деформитети.

„Треба да бидете горди на своето дете без разлика на околностите и судбината. Пукнатината на лицето на Броди (пресечена усна и непце) не може да не спречи да бидеме среќни.“

Синдромот на пукнати усни се случува кога одредени ткива не се формираат соодветно, а на ултразвук ова може да се види после 12-та недела од бременоста. Ова оштетување не е само од естетска природа – може да го отежне јадењето, пиењето, смеењето па дури и дишењето на детето.

Но, во најголем дел од случаите, успешно се решава со операција, па овие деца може да имаат сосема нормален живот.

„Одлучив да ги едуцирам луѓето, наместо да одговарам на дрските коментари што му е на нашето дете“ – истакнува храбрата мајка.

Минатата година Брoди бил на операција за да се отстрани овој негов недостаток. За сега, тој се опоравува добро, но го чекаат уште оперативни зафати.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....

Најчитани неделава