„Не го губи своето јас поради другите“ – 11 работи што секоја мајка треба да ѝ ги каже на својата ќерка
Помогни кога можеш, но не давај сè од себе за сите. Повеќето луѓе нема да го ценат тоа.

Ако сакаш да дознаеш каков е некој маж, обрни внимание на тоа како ги третира животните. Личноста со добро срце никогаш нема да повреди животно, дури и ако не е љубител на животни.

Немој да го изгубиш своето јас поради другите. Животот е патување, а на твоето патување, само ти ги донесуваш одлуките. Размисли – дали е подобро да се обидуваш да им удоволиш на сите, или да го живееш животот по свои правила и да бидеш вистински среќна?

Верувај во себе. Кога ќе ти се разниша самодовербата, обиди се да се фокусираш на твоите квалитети. Не ги слушај другите, бидејќи само ти знаеш што е најдобро за тебе.

Материјалните нешта можеби ќе те направат среќна, но оваа среќа е краткотрајна. Не ги слушај другите и фокусирај се на искуствата – кога, на пример, ќе ја посетиш дестинацијата од соништата, сигурно нема да ти биде важно колку е скапа твојата облека.

Многу пријатели од средно ќе исчезнат од твојот живот веднаш откако ќе завршите. Ако сепак имаш среќа да останеш блиска со барем еден, чувај го и негувај го тоа пријателство.

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес?
Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г...
1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“
„Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата
„Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот...
„Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“
„Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...