Писмо од болна мајка: „Ако ме снема сине, последната моја воздишка ќе се измеша со шепотот на твоето име“

Ако ме снема денес, да знаеш дека ќе си заминам мирно и со насмевка. Знам дека направив сè што можев за да станеш човекот што си денес.

Pismo-na-edna-bolna-majka-01.jpgфото: pixabay

Се сеќавам на денот кога се роди, мало розеникаво бебуле со крупни сини очиња.

Во нив го видов мојот одраз, сета наша заедничка иднина, моментот кога ги правиш првите чекорчиња, кога тргнуваш во прво одделение, кога го постигнуваш првиот значаен успех во кариерата, моментот кога го кажуваш судбоносното ДА… Видов сè и телото ми затрепери од среќа.

Ако ме снема денес, знам дека израснав чесен човек кој не умее да проговори ништо друго освен вистината. Знам дека ова многупати ќе оди на твоја штета, но подраго ми е така, отколку да си лажлив никаквец. Тие никогаш не завршуваат добро во животот, верувај ми.

Ако ме снема денес, ќе се сеќавам со милост и благост во душата на секој изминат момент со тебе, среќата на твоето лице кога го доби првиот велосипед, моментот кога ги дуваше свеќичките на тортата, твоите џумкосани коленца од игрите на улицата, твојот ѕвонлив глас додека потпевнуваше и мислеше дека никој не те слуша…

Ако ме снема денес, сакам да знаеш дека сум благодарна за секој миг што го поминавме заедно. Да, можевме да имаме и повеќе време. Но, подобро е да поминеме 30 квалитетни години заедно, отколку 60 лоши. Му благодарам на Бога за сето наше време, сето убаво и тешко, сето слатко и горчливо, што ме научи да го ценам животот уште повеќе.

Ако ме снема денес сине, не заборавај да го живееш животот до последен здив. Да сакаш и да бидеш сакан, да останеш сериозен, но и по малку будалест и смешен. Да не го изгубиш детето во себе. Да бидеш мажот каков што те воспитав да си – нежен, искрен, храбар, грижлив и трпелив со своите деца како јас со тебе.

Ако ме снема денес, она малку среќа кое ми било пишано во тефтерчето сакам да ти ја префрлам тебе. Сакам да те грее сонцето дури и во најстудениот ден. Сакам да те топлат спомените дури и кога ќе ме нема. Сакам да си приспомнеш на мене понекогаш, и да си речеш – мајка ми велеше вака… мајка ми правеше така… колку ми недостига мајка ми.

Ако ме снема денес сине, знај дека ќе ми недостигаш. Не знам што има понатаму. Не знам дали крајот е навистина крај или само почеток. Јас сепак мислам дека дел од мене ќе продолжи да живее и понатаму. Јас сум во тебе, во твоите очи кои ги наследи од мене, во очите на твоите дечиња… јас ќе продолжам да живеам.

Ако ме снема денес, не заборавај, мама те сака најмногу од сè. Последната моја воздишка ќе се измеша со шепотот на твоето име. Такво е мајчиното срце.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава