„Се каев што станав мајка, не почувствував неверојатна љубов за моето бебе како што ми опишуваа“

se-kaam-shto-stanav-majka-ne-pochuvstvuvav-neverojatna-ljubov-za-moeto-bebe-kako-shto-mi-opishuvaa-03.jpg

Парот бил заедно повеќе од 6 години кога Емили забременила во 2017 години, по само неколку седмици обиди. Таа вели дека не уживала во бременоста, а синот Робин бил роден во јули 2018 година.

„Беше прекрасно кога за првпат го држев Робин, ненадејно тој беше со нас и не можев да престанам да зјапам во него. Чувствував воодушевување, но не ја чувствував онаа неверојатна љубов што другите луѓе ја опишуваат. Би го дала на некој друг во секоја можна пригода. Се чувствував неверојатно виновно поради тоа.“

По многу бессони ноќи Емили била истоштена од справувањето со родителските обврски.

„Бев многу добра мајка, затоа што секогаш го правев најдоброто за него, но ми беше тешко позитивно да комуницирам со Робин затоа што бев преуморна. Тој заслужуваше да гледа насмеани лица околу себе, а јас плачев постојано. Едвај се собирав, но знаев дека не можам уште долго.“

Кога Робин имал 4 месеци Емили искрено поразговарала со терапевт, кој ѝ дал соодветни совети и ѝ препишал соодветна терапија.

Таа се вратила на работа кога Робин имал 8 месеци.

„Беше прекрасно што се вратив и што можев шолја чај да пијам долго и на раат или да одам во тоалет кога ми се оди.“

Емили вели дека нејзиниот живот станува многу подобар како што Робин расте, што е случај и со многу други мајки кои на почетокот минуваат низ слична криза.

Доктор Тивари вели дека жените не говорат често отворено на оваа тема од стравот да не бидат осудени. Не сакаат другите луѓе да ги гледаат како себични и мислат дека се лоши мајки.

Но, таа, како и многу наши психолози, порачуваат дека проблемот може да биде решен само тогаш кога ќе се зборува отворено за емоциите, ќе се побара помош од стручно лице и ќе се работи на подобрување на ситуацијата.

*Некои имиња во приказната се изменети за да се зачува идентитетот

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Емотивна приказна: Го киднапирале кога се родил, успеал да ја најде мајка му по 42 години Влегувајќи во домот на неговата мајка, Тајден бил пречекан со 42 шарени балони, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg