Не се омажив за човек кој праќа цвеќиња ниту пишува љубовни песни...

„Не се омажив за човек кој праќа цвеќиња и купува тематски подароци. Тој не пишува љубовни песни, ниту пак знае секогаш да ги каже оние работи кои јас очекувам да ми ги каже.“ – една сопруга и мајка се обидува да укаже колку се всушност важни некои други мали работи кои неа ја радуваат кај партнерот.

ne-se-omazhiv-za-chovek-koj-prakja-cvekjinja-nitu-pishuva-ljubovni-pesni-01.jpgфото: pexels.com

„Не се омажив за човек кој ми ветуваше многу. Тој не е многу зборлив. Најчесто тој е оној кој слуша.

Се омажив за човек кој нема проблем трпеливо да чека 40 минути додека се договорат што ќе облече нашата 3 годишна ќерка.

Се омажив за човек кој станува рано за време на викенд и ме остава мене да поспијам додека тој оди на прошетка со децата.

Човек кој стоеше до мене додека повраќав секој ден додека бев бремена.

Човек кој откако ја слушна дијагнозата дека нашето најстаро детенце има аутизам, ги најде и истражи сите можни информации како да му го направиме животот подобар.

Човекот кој беше силен покрај мене кога преживеав спонтан аборутс со нашето трето детенце, а подоцна дознавме дека бременоста предизвикала рак.

Човек кој ги охрабрува сите мои луди идеи и секогаш се согласува да побегнеме на откачено патување заедно.

Човек кој ми остава пораки покрај кафето или ми испраќа песни кои го потсетуваат на мене.

Порано мислев дека покрај себе сакам да имам човек кој зборува и ветува, но сфатив дека акцијата и преземање на нештата во свои раце ми значат многу повеќе.“

Извор

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Само што се омажив, престанете да ме прашувате кога ќе имам деца“ „Стапувањето во брак е прекрасно. Но, постојат и неколку благо иритирачки работи...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...

Најчитани неделава