8 предмети во домот што се омилени „играчки“ за малите деца – колку се безбедни за игра?

Кутии со зачини

Децата едноставно обожаваат да си играат со садовите за шеќер, кафе, ориз...

Тие се мошне интересни, затоа што ако ги затресете испуштаат звуци, а ако се проѕирни мошне е интересно да се гледа како се меша содржината внатре.

Главниот проблем со овие садови е во тоа што мора да запомниме дека детето нема да престане да си игра со нив сѐ додека садот не се отвори и не се истури содржината во него, а тоа што ќе се истури мора да заврши и во уста – да се проба.

Со овие садови може да си играте, но секако мора да има возрасен и да внимава на детето и што има во садот.

osum-predmeti-vo-domot-na-koi-decata-nemozat-da-im-odoleat-i-kolku-se-bezbedni-za-igra-11.jpg

Канта за отпадоци

Кантата за отпадоци секако на детето му изгледа како кутија со играчки што постојано се полни со нови шишиња, амбалажа, кутии – а, најинтересно му е да го стави рачето и да провери што има ново внатре.

Проблемот сам по себе е јасен: некогаш дури и вам ви е непријатно и грозно ако треба да побарате нешто во кантата, зошто тогаш би му дозволиле на вашето дете да си игра со неа?

Можеби е подобро празните пластични (но, не и стаклени) шишиња прво да ги измиете и да му ги дадете на детето да си поигра пред да ги фрлите (без капачиња).

Истото важи и за кутиите.

osum-predmeti-vo-domot-na-koi-decata-nemozat-da-im-odoleat-i-kolku-se-bezbedni-za-igra-06.jpg

Садови во кујната и прибор за јадење

Металните лажици, тенџериња, чинии и тави се совршен почетен сет тапани за децата.

Тие обожаваат да тропаат со нив и да си играат.

Но, овде проблемот е поголем. Прво децата не разликуваат нож, виљушка или лажица и не знаат што од тоа е опасно.

Понатаму кога станува збор за тенџерињата и за тавите – детето не знае дека смее да си игра кога тенџерето е ставено пред него, а да не го допира кога е на жешката рингла.

Затоа размислете добро пред да му дозволите да си игра со што било во кујната.

osum-predmeti-vo-domot-na-koi-decata-nemozat-da-im-odoleat-i-kolku-se-bezbedni-za-igra-09.jpg

Влажни марамчиња

Ви се случило ли некогаш да се свртите и да видите дека вашето дете успеало сите марамици да ги извади од кутијата?

За децата е мошне интересно тоа навидум бескрајно извлекување марамчиња од кутијата, а дополнително многу се меки за грицкање и за тегнење.

Реално, во зависност од составот, не би требало да има никаков проблем доколку вашето дете става во уста чисти марамици, но како ќе го научите дека не треба да ги стави и нечистите во уста?

osum-predmeti-vo-domot-na-koi-decata-nemozat-da-im-odoleat-i-kolku-se-bezbedni-za-igra-05.jpg

Шишиња со препарати за нега за кожа

Овие шишиња и кутивчиња се мошне интересни за тресење, стискање, можете да ги истиснете, да ги истурите и да цртате со прсти со нив.

Иако најголемиот број бебешки препарати во основа не се опасни за децата, сепак мора да внимавате на ситните капачиња, а ако им дозволите на децата да си играат со нив тогаш нема да можат да разберат зошто не им дозволувате да си играат со други шишиња во кои има други опасни супстанци (како средства за чистење и сл.).

osum-predmeti-vo-domot-na-koi-decata-nemozat-da-im-odoleat-i-kolku-se-bezbedni-za-igra-07.jpg

Купче со нечисти алишта

Си собирате алишта за перење и се вртите и го гледате вашето дете како се тркала во насобраното купче, си игра, си лази, се крие под алиштата... 

Дали ќе му дозволите на детето да си игра со нечистите алишта, тоа е ваш избор, но треба да знаете дека пред да ја исперете, облеката сигурно содржи и бактерии и нечистотии од телото.

osum-predmeti-vo-domot-na-koi-decata-nemozat-da-im-odoleat-i-kolku-se-bezbedni-za-igra-10.jpg

За крај, немојте да се чудите и немојте да мислите дека само вашето дете ги игнорира играчките и си наоѓа други „поинтересни“ предмети во домот.

Сите деца го прават тоа, само кај некои деца тоа е поизразено, кај некои помалку. Некои знаат и да послушаат и да престанат да си играат со тоа што не треба, а други се упорни и не попуштаат.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg