Зошто некои бебиња се раѓаат со бујна коса, а некои едвај имаат коса?

Сите сме забележале дека некои бебиња се раѓаат со многу малку, а некои со многу бујна коса, а интересно е што ни експертите не се целосно сигурни која е причината за ова. Но сепак, имаат неколку теории, од кои најверодостојна е онаа за влијанието на гените и хормоните.

zoshto-nekoi-bebinja-se-ragjaat-so-bujna-kosa-a-nekoi-ne-01.jpg

Бројот на фоликули на главата на една личност е одреден уште од раѓањето. Ова значи дека со колку фоликули ќе се роди бебето, толку ќе има целиот живот. Но сепак, ако бебето, на пример, се роди со многу коса, не значи дека ќе има бујна коса целиот живот.

Според експертите, косата со којашто се раѓа детето обично паѓа во првите шест месеци од неговиот живот, а косата што ќе му порасне подоцна може да биде потполно различна.

Всушност, многу родители се изненадиле кога на нивното бебе кое се родило со црна или права коса, подоцна почнала да му расте многу светла или виткана.

Што се случува во матката?

Во 14-тата недела од бременоста, кај бебето почнуваат да се формираат фоликулите. Околу 22-рата недела се формираат таканаречените бебешки влакненца, познати и како лануго, кои растат на телото, а во 23-тата неделата пигментот меланин почнува да влијае врз бојата на влакната.

Околу 30-тата недела од бременоста почнува да расте и косата на бебето во матката. Ова е всушност косата со којашто ќе се роди вашето малечко.

Обично бебешките влакненца на телото паѓаат уште во матката, но кај некои предвремено родени бебиња остануваат и после породувањето, а паѓаат малку подоцна.

zoshto-nekoi-bebinja-se-ragjaat-so-bujna-kosa-a-nekoi-ne-02.jpg

Влијанието на хормоните

Растот на косата на бебето во матката во голема мера зависи од хормоните. Односно, зголемената концентрација на одредени хормони во матката го поттикнува растот на косата. Експертите сметаат дека колку повеќе вакви хормони има во матката, со толку погуста коса ќе се роди бебето.

Како што напоменавме, откако ќе се роди бебето, без разлика со колку густа коса, таа ќе почне да паѓа. Причината за ова е намалениот број на хормони откако се родило.

Ова паѓање на косата е сосема нормално, обично се случува околу 6-иот месец од неговиот живот и не треба да ве загрижува, бидејќи набрзо потоа ќе почне да расте „вистинската“ коса на бебето.

zoshto-nekoi-bebinja-se-ragjaat-so-bujna-kosa-a-nekoi-ne-03.jpg

Влијанието на гените

Иако експертите не се потполно сигурни, веруваат дека и гените и ДНК-та на бебето имаат влијание врз тоа со колку коса ќе се роди.

Но, интересно е што не можете да предвидите каква коса ќе има вашето бебе врз основа на косата со којашто се родило. На пример, некои бебиња се раѓаат со права, за потоа да почне да им расте виткана коса. Истото важи и за бојата – некои бебиња се раѓаат со темна коса, но подоцна почнува да им расте многу светла.

За „вистинската“ коса, експертите се сигурни дека секојпат се одговорни гените.

zoshto-nekoi-bebinja-se-ragjaat-so-bujna-kosa-a-nekoi-ne-04.jpg

Секое бебе е различно

Само затоа што вашето бебе се родило без коса, не треба да бидете загрижени. Исто така, ако лекарот ви кажал дека бебето е здраво, не треба да се грижите ако неговата нова коса почне да расте подоцна. Во некои случаи е сосема нормално на бебето да не му порасне нова коса и до првиот роденден, па и подоцна.

Генерално, бебешката коса уште претставува мистерија и за експертите и факт е дека секое бебе е различно. Но сепак, ако сте загрижени за што било, секогаш можете да се консултирате со вашиот лекар.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...

Најчитани неделава