„Баш така е!“ - Мајка на совршен начин ги долови маките на родителите чии деца учат онлајн

Многу родители периодов се излудени и онлајн наставата на нивните деца едноставно ги носи до работ на лудило. Премногу ама премногу обврски, зарем не?

bash-taka-e-majka-na-sovrshen-nachin-gi-dolovi-makite-na-roditelite-chii-deca-uchat-onlajn-01.jpg

Фиона Кид од Велика Британија е мајка на две деца и професионален фотограф. Таа креираше брилијантна фотографија на која комплетно долови колку им е тешко на родителите чии деца учат онлајн од дома поради пандемијата.

На фотографијата се гледа како Фиона им помага со домашните задачи на децата, ги учи пијано, става облеката да се пере, готви, мие садови и преморена се релаксира со чаша вино.

Комбинацијата од фотографии направени во нејзиниот дом и склопени во една - совршено ги доловува маките на сите родители периодов.

49-годишната Фиона вели: „Ја креирав оваа фотографија на шега за да им покажам на пријателите што немаат деца како ние родителите се чувствуваме периодов.“

bash-taka-e-majka-na-sovrshen-nachin-gi-dolovi-makite-na-roditelite-chii-deca-uchat-onlajn-02.jpg

Откако фотката стана вирална, Фиона вели дека не ѝ е чудно што станала фотката таков хит затоа што верува дека сите родители се препознале во неа.

„Ах, знам што мислиш“, „Баш така е“, се само дел од коментарите кои Фиона ги добила за фотката.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...

Најчитани неделава