Бремена жена со исповед: „Сопругот има утрински мачнини заедно со мене – се чувствувам како да ме имитира“

„Во моментов сум во 11-та недела од бременоста со првото бебе и се соочувам со утрински мачнини. Кратко откако јас почнав да повраќам, сопругот исто така почна  да минува низ слични симптоми“ - вели оваа жена. Но, таа не сочувствува со нејзиниот сопруг, туку, напротив, вели дека не може да поднесе да биде во негова близина.

Bremena-zena-soprugot-ima-utrinski-machnini-zaedno-so-mene-se-chuvstvuvam-kako-da-me-imitira-01.jpg

Речиси 90 отсто од бремените жени се соочуваат со утрински мачнини, а познато е дека некогаш и нивните партнери може да покажуваат симптоми на бременост, што е попознато како Кувад синдром.

Оваа бремена жена одлучи сопствените фрустрации да ги сподели на социјалната мрежа Reddit каде говори како ја излудува тоа што и нејзиниот сопруг заедно со неа има утрински мачнини, па таа не може да поднесе да биде во негова близина.

Bremena-zena-soprugot-ima-utrinski-machnini-zaedno-so-mene-se-chuvstvuvam-kako-da-me-imitira-02.jpg

Таа побара совет од другите на мрежата и праша дали е нормално да чувствува толкав „гнев“ кон партнерот.

„Во моментов сум бремена 11 недели со моето прво бебе и се соочувам со утрински мачнини и навистина е ужасно (постојано повраќам).

Кратко откако јас почнав да се соочувам со утрински мачнини, сопругот исто така почнува да има слични симптоми.

Ми рекоа дека понекогаш и сопрузите може да имаат вакви искуства и дека се вика 'бременост од сочувство'“ – пишува таа.

Како што изгледа од напишаното, таа нема никакво сочувство за синдромот со којшто се соочува нејзиниот сопруг, па вели дека се чувствува „згрозено“ и како тој да ја „имитира“.

Вели дека тоа што го гледа сопругот како се справува со „утринска мачнина“ ја „нервира“ затоа што тој никогаш нема да може да ги почувствува постојаната неудобност и болката што доаѓа со бременоста.

„Се чувствувам само како да ме имитира, како никогаш да не може да разбере колку е тешко да си бремена“ – вели таа.

Bremena-zena-soprugot-ima-utrinski-machnini-zaedno-so-mene-se-chuvstvuvam-kako-da-me-imitira-03.jpg

Понатаму признава дека поради ова честопати имаат кавги и дека тоа влијае и врз нивната врска.

Тоа оди дотаму што таа почнува да го избегнува и не сака да биде во негова близина.

Инаку, „бременоста од сочувство“ или кувад синдром се јавува кај дел од партнерите на бремените жени и тие почнуваат да ги покажуваат истите симптоми како нивните партнерки.

Најчесто овие симптоми се третираат како ментални проблеми и може да се изразуваат како на физички така и на ментален план.

Кај мажите што страдаат од овој синдром може да се јават мачнини, киселини, болка во стомакот, проблеми со дишењето, грчеви во нозете, болки во грбот, уринарни инфекции, па и главоболка. Освен тоа, психичките симптоми на овој синдром може да предизвикаат намалување на либидото, немир, но и анксиозност и депресија.

Б. С. Б. | Црнобело/ Фото: Freepik

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Загрижувачки сведоштва на мајки: „Син ми (8) е зависен од неговиот таблет – еднаш ме удри кога му го... „Ако му го одземам таблетот, се претвора во чудовиште, почнува да вика, да клоца...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава