Добро држење на телото, правилен развој на стапалата – Зошто за малите деца е најдобро да одат боси?

Од правилен развој на стапалото, па сè до стимулација на нервните завршетоци на стапалата, постојат многу причини зошто за вашето малечко е најдобро да оди босо, кога не е неопходно да носи чевли.

dobro-drzhenje-na-teloto-pravilen-razvoj-na-stapalata-zoshto-za-malite-deca-e-najdobro-da-odat-bosi-01.jpg

Минијатурните обувки за мали деца се навистина слатки и нормално е ако како родител ви е тешко да одолеете да му купите неколку пара на вашето малечко, дури и ако веќе има доволно.

Но знаевте ли дека за вашето мало дете е многу подобро да оди босо, што е можно почесто?

Обувките не се лоши, но детето не треба да ги носи постојано

Целта на обувките е да ги заштитат стапалата, особено кога се движиме низ урбана средина каде што лесно можеме да настапиме нешто. Истото важи и за обувките за малите деца кои само што почнале да одат. Сепак, ортопедите сметаат дека треба да му ги облекувате на децата само кога е неопходно.

Во изјава за Guardian, ортопедот за деца Трејси Бирн вели дека постојаното носење обувки на многу рана возраст може да предизвика проблеми.

„Децата почесто одат со крената глава кога се боси. Бидејќи со стапалата можат да го почувствуваат теренот по којшто се движат, нема потреба да гледаат надолу – нешто поради што можат да ја изгубат рамнотежата, да паднат и да се повредат“.

dobro-drzhenje-na-teloto-pravilen-razvoj-na-stapalata-zoshto-za-malite-deca-e-najdobro-da-odat-bosi-02.jpg

Повторно за Guardian, друг експерт вели дека со текот на времето сме почнале да веруваме дека постојаното носење чевли, дури и кај многу мали деца, е сосема нормално и природно.

„Ова не е воопшто точно. Да, повеќе не живееме во примитивни општества. Да, урбаната средина крие многу ’неприродни‘ опасности, но сепак можеме да научиме нешто од нашите предци – обувките се дизајнирани за да ги заштитат нашите стапала кога тоа е неопходно, привремено“.

Според некои експерти, се смета дека постојаното носење обувки на многу рана возраст може да предизвика проблеми со развојот на стапалото.

Односно, стапалото ќе мора да се адаптира на тесниот простор во чевлите, наместо да расте и да се развива природно. Бидејќи кај малите деца кои само што преодиле растот и развојот се забрзани, штетата од постојаното носење чевли може да биде многу поголема.

Кои се придобивките од одењето боси кај малите деца?

Одењето боси го поттикнува развојот на мускулите и лигаментите во стапалото кај малите деца, го прави посилно и има удел во правилното држење на телото. Со ова можат да се избегнат и проблемите како рамни стапала.

Покрај тоа, кога малите деца одат боси можат да ја почувствуваат текстурата на подот и полесно им е да истражуваат. Одењето боси ќе ги стимулира нервните завршетоци на нивните стапала.

dobro-drzhenje-na-teloto-pravilen-razvoj-na-stapalata-zoshto-za-malite-deca-e-najdobro-da-odat-bosi-03.JPG

Кога одат боси, малите деца се и посвесни за нивните движења, држењето на нивното тело и генерално нивното опкружување. Сето ова, пак, има позитивно влијание и врз нивниот когнитивен развој. 

Кога треба да носат обувки?

Нормално, ова не значи дека вашето дете треба постојано да биде босо. Кога сте надвор или кога постои каква било опасност да си ги повреди стапалата ако е босо, треба да му облечете обувки.

Само, осигурете се дека ќе му купувате флексибилни обувки кои нема да го стегаат и кои ѝ дозволуваат на кожата „да дише“.

Ако не сте сигурни за вистинските обувки, секогаш можете да се консултирате со ортопед кој ќе ви помогне во изборот.

dobro-drzhenje-na-teloto-pravilen-razvoj-na-stapalata-zoshto-za-malite-deca-e-najdobro-da-odat-bosi-04.JPG

Знаевте ли дека и за возрасните е добро да одат боси? Прочитајте повеќе: Намален стрес и повеќе енергија - 13 здравствени придобивки од одењето боси

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...

Најчитани неделава