9 работи за кои ниту една мајка не должи никому извинување, ниту оправдување

Начинот на породување, за хаосот во домот, за вашиот изглед и дамките од млеко на облеката - работи за кои никому не должите извинување, ниту оправдување. 

9-raboti-za-koi-nitu-edna-majka-ne-dolzhi-nikomu-izvinuvanje-nitu-opravduvanje-01.jpg

Мајчинството е прекрасно искуство, но не е спорно дека мајките, посебно кога имаат новороденчиња, се соочуваат со големи предизвици и тешкотии.

Покрај убавите моменти има и многу тешки и непријатни моменти низ кои мајките мора да поминат.

Но, станува уште потешко кога околината е полна со предрасуди, критики и непотребни совети.

Важно е да знаете дека како мајка имате право да одлучите на кој начин ќе го одгледувате детето и каков живот ќе живеете.

И, за некои работи едноставно не треба да се извинувате никому.

Не треба да се чувствувате виновно и да се извинувате за…

Кога, како и каде го доите вашето бебе

Вие знаете кога на детето му е потребна храна и како е најдобро да го нахраните.

9-raboti-za-koi-nitu-edna-majka-ne-dolzhi-nikomu-izvinuvanje-nitu-opravduvanje-02.jpg

Тоа што одвојувате време за себе

Изборот и начинот на организација на времето си го правите самите.

Ако сакате целото време да му го посветите на детето и немате кој да ви помогне – во ред, ако успеете да се организирате и имате кој да ви помогне во чувањето – во ред и да си дадете време за себе без грижа на совест.

9-raboti-za-koi-nitu-edna-majka-ne-dolzhi-nikomu-izvinuvanje-nitu-opravduvanje-03.jpg

Тоа што домот ви е хаотичен

Ако на Инстаграм гледате совршено средени домови на мајки со мали деца – бидете сигурни дека во кадар не е влезен делот каде што се ставени на куп сите работи.

Тоа не значи дека не средувате, едноставно не можете во секоја минута да одите по детето.

9-raboti-za-koi-nitu-edna-majka-ne-dolzhi-nikomu-izvinuvanje-nitu-opravduvanje-04.jpg

За тоа како изгледате

Никој нема право да коментира ако најголемиот дел од времето сте во удобна облека и растурена пунџа, ниту пак ако постојано наоѓате време и успевате да се дотерате.

Тоа не значи дека не сакате да си посветите време на себеси или во другиот случај дека се гледате само себеси. Секоја мајка различно си го организира времето и има различни гледишта.

9-raboti-za-koi-nitu-edna-majka-ne-dolzhi-nikomu-izvinuvanje-nitu-opravduvanje-05.jpg

За дамките од млеко на облеката

Тоа е сосема нормална појава и на секому може да се случи – немате никаква контрола над тоа, па не е ваша вина и нема зошто да ви е незгодно.

9-raboti-za-koi-nitu-edna-majka-ne-dolzhi-nikomu-izvinuvanje-nitu-opravduvanje-06.jpg

Уште 4 работи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
7 работи кои (најверојатно) ги научивте како постара сестра Вашата сестра или брат во еден миг порасна и се најдовте како ви ги брише солзит...
6 грешки кои родителите ги прават ненамерно (и ве оддалечуваат од децата) Не дозволувајте вашето расположение да влијае на односот со дететo, не правете н...
Смешни, тажни и емотивни работи за кои никој не ве подготвува кога ќе добиете дете, според родители „Никој не ми кажа дека со сопругот постојано ќе бидеме болни! Ќерка ни преку едн...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава