7 обичаи за воспитување деца од други држави што нам ни изгледаат чудно

Децата во Индија спијат со родителите до 10-годишна возраст, а дечињата од Германија учат како правилно да ракуваат со оган.

7-obichai-za-vospituvanje-deca-od-drugi-drzhavi-shto-nam-ni-izgledaat-chudno-01.jpg

Кога станува збор за воспитување деца, секогаш можеме да научиме нешто од некоја друга држава и тамошните обичаи.

Ова не значи дека обичаите во другите држави се секогаш подобри, но секојпат има нешто што сигурно е корисно и ефикасно. На пример, Јапонците ги учат децата на одговорност така што ги вклучуваат во чистењето на нивните училишта.

Погледнете неколку обичаи за воспитување деца од други држави што сигурно ќе ви изгледаат чудно:

Во Германија децата учат како безбедно да се справуваат со оган

Во Германија постои едукативна кампања поддржана од пожарникари, младински организации, па дури и осигурителни компании, чија цел е да се научат децата како правилно да ракуваат со оган.

Во склоп на кампањата, децата учат како да ги избегнат повредите од пожар, што треба и што не треба да прават кога се во близина на пожар и, генерално, учат како да ја заштитат својата безбедност.

На овој начин, децата уште од најрана возраст сфаќаат дека огнот е опасен и дека со него секогаш треба да се ракува со особена внимателност. Со ова, сигурно се намалува бројот на повреди кај деца предизвикани од оган.

7-obichai-za-vospituvanje-deca-od-drugi-drzhavi-shto-nam-ni-izgledaat-chudno-02.JPG

Во скандинавските земји родителите ги оставаат децата да спијат надвор, на ниски температури

Во скоро сите скандинавски земји родителите ги оставаат деца да поспијат надвор, дури и кога температурите се многу ниски.

Наводно, на овој начин децата стануваат поотпорни на настинки и се зајакнува нивниот имунитет.

7-obichai-za-vospituvanje-deca-od-drugi-drzhavi-shto-nam-ni-izgledaat-chudno-03.JPG

Децата во Јужна Кореја од најрана возраст учат да препознаваат емоции

Малите деца не ги разбираат човечките емоции и нормално дека ќе им биде тешко да ги препознаат. Затоа, пак, дечињата во Јужна Кореја учат како да ги препознаат туѓите емоции, со тоа развивајќи ја својата емпатија.

Децата учат што значат емоциите на другите луѓе, што треба да направат во одредени ситуации, но и како подобро да ги препознаат своите емоции.

Некои луѓе веруваат дека токму ова е тајната за среќата на Корејците.

7-obichai-za-vospituvanje-deca-od-drugi-drzhavi-shto-nam-ni-izgledaat-chudno-04.JPG

Во Финска, и татковците добиваат породилно отсуство од неколку месеци

Иако сите го поврзуваат породилното отсуство со мајките, факт е дека во првите месеци од животот на детето многу е потребна и помошта на таткото.

Поради ова, мажите во Финска можат да земат породилно отсуство и до пет месеци, со цел да ѝ помогнат на партнерката во грижата за детето. Ова отсуство е платено.

7-obichai-za-vospituvanje-deca-od-drugi-drzhavi-shto-nam-ni-izgledaat-chudno-05.JPG

Во Индија, децата спијат со родителите и до 10-годишна возраст

Повеќето деца во Индија спијат со нивните родители и до 10-годишна возраст, дури и ако детето си има своја детска соба. Слична практика има и во други азиски држави, како Индонезија и Виетнам.

Сепак, мислењата за ова се поделени. На пример, Американската академија за педијатрија смета дека е во ред, дури и препорачливо децата да спијат во иста соба со родителите, но не и да делат кревет до 10-годишна возраст.

7-obichai-za-vospituvanje-deca-od-drugi-drzhavi-shto-nam-ni-izgledaat-chudno-06.JPG

Децата во Јапонија помагаат во одржувањето хигиена во училиштата

Јапонците се едни од најдисциплинираните луѓе и ги учат децата да го средуваат својот неред уште од најрана возраст.

Покрај тоа што од децата се очекува помагаат во домашните обврски, тие се и одговорни за хигиената во училиштата. Со ова децата се учат на одговорност уште пред да станат возрасни.

7-obichai-za-vospituvanje-deca-od-drugi-drzhavi-shto-nam-ni-izgledaat-chudno-07.JPG

Децата во Шведска имаат облека и играчки купени на старо

Нормално, родителите им купуваат и нови играчки и облека на нивните деца, но доста често купуваат и на старо.

Низ државата има многу места каде што родителите можат да купат играчки и облека на старо, а со тоа што ги препордаваат овие нешта, го избегнуваат хаосот во домот. 

7-obichai-za-vospituvanje-deca-od-drugi-drzhavi-shto-nam-ni-izgledaat-chudno-08.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg