„Ќерка ми (16) лажно ја обвини куќната помошничка за кражба, па ja натерав да спие надвор под казна – дали постапив правилно?“

Татко на 16-годишна ќерка не знаел што повеќе да направи поради нејзиното лошо однесување, па ја казнил така што ја натерал да преспие една вечер надвор, во дворот на нивната куќа.

kjerkata-16-ja-namesti-kukjnata-pomoshnichka-za-krazhba-pa-ja-naterav-da-spie-nadvor-pod-kazna-dali-postapiv-pravilno01.jpg

46-годишниот маж открива дека ќерка му ја навредувала нивната куќна помошничка, па дури и ја наместила за кражба – нешто што тој не можел да ѝ го прости.

Загрижениот татко ја сподели неговата приказна на Редит, прашувајќи ги другите корисници дали можеби претерал.

„Мојата 16-годишна ќерка е средношколка. Неодамна забележав дека почна да се однесува лошо – постојано коментира за изгледот на другите луѓе, работите што ги поседуваат, ги нарекува со погрдни имиња и генерално е нечувствителна. Обично е многу учтива, а сопругата се сомнева дека го промени однесувањето откако почна да се дружи со некои нови девојчиња на училиште.

Многупати зборував со неа за да ѝ кажам дека нејзиното однесување има негативно влијание врз сите околу неа. Нашата куќна помошничка е личноста која најмногу страда и ќерка ми постојано ја критикува за косата, облеката и слично.

Жената се има пожалено дека ќерка ни ја навредува со зборови како 'валкана' и 'одвратна' бидејќи ја чистела нашата куќа. Тогаш ѝ реков на ќерката дека ќе ја казнам ако уште еднаш ѝ рече нешто такво на помошничката.

Минатата недела ќерката требаше да оди на забава, но бидејќи ја нарече помошничката ’валкана‘, не ѝ дозволив да оди. Таа се налути и рече дека жената лаже. По ова претера.

Неколку денови подоцна ќерката ми рече дека не можела да си го најде телефонот. Ми рече да ѝ заѕвонам и откако го направив тоа сфативме дека телефонот ѕвони од чантата на помошничката. Зборував со жената и таа почна да плаче кажувајќи дека воопшто не го допрела телефонот и не знае како завршил во нејзината чанта.

Бидејќи забележав дека ќерка ми многупати ја нарекува жената крадец, решив да ги проверам безбедносните камери во домот – видов како ќерка ми го става нејзиниот телефон во чантата на помошничката. Не ми се веруваше.

Веднаш ѝ се извинив на жената и ѝ дадов слободен ден. Ѝ го покажав видеото на ќерката и таа не знаеше што да каже. Ѝ реков дека е неморална. 

Ѝ кажав дека е казнета и дека ќе треба да спие во дворот. Почна да плаче и да ме моли да не спие надвор каде што е валкано и има инсекти. Ѝ реков да престане, или ќе ја натерам да спие во дворот две ноќи.

Сопругата ми рече да ѝ дадам поблага казна, но само ѝ реков дека не е во ред да ги нарекува луѓето валкани и да ги обвинува за кражба и дека тоа е најлошото нешто“.

kjerkata-16-ja-namesti-kukjnata-pomoshnichka-za-krazhba-pa-ja-naterav-da-spie-nadvor-pod-kazna-dali-postapiv-pravilno02.JPG

Потоа мажот споделува дека претходно пробал да ја натера ќерката да чисти низ домот како казна, но тоа било безуспешно и сфатил дека мора да ја казни на „посуров“ начин.

Тој нагласува и дека нивниот двор е потполно безбеден и ќерката не е во никаква опасност.

„Кога ја натерав да чисти низ домот престана да јаде, па моравме да одиме на болница бидејќи имаше многу низок крвен притисок“.

За неполна недела на објавата одговориле над 3.000 корисници, од кои повеќето го поддржуваат загрижениот татко:

„Не си лоша личност, но треба да ѝ дадеш платена слободна недела на помошничката и да ја натераш ќерка ти да ја заменува“.

„Ќерка ти дефинитивно заслужува и полоша казна. На пример, еден викенд месечно земај ѝ го телефонот и заедно одете да собирате отпад од улиците“.

„Јас би ѝ го продал телефонот и би ѝ ги дал парите на помошничката“.

„Не си претерал, но казната би требало да биде според делото. Забрани ѝ да користи телефон цела година, цела недела таа нека ја чисти куќата и не ѝ дозволувај да се дружи со тие девојчиња“.

„Земи ѝ го телефонот. Казни ја. Натерај ја да волонтира. Девојчето лажело за помошничката да биде отпуштена. Лажело. Се претвора во лоша личност. Мора да преземеш нешто“.

Некои сметаат и дека на девојчето му треба професионална помош:

„Откако го прочитав крајот, заклучив дека на девојчето најверојатно му треба помош за менталното здравје. Изгладнувањето до тој степен што завршила во болница не е нормално“.

Што мислите вие за целата ситуација - дали девојчето си ја заслужило казната, или таткото сепак претерал?

Спирова С. | Црнобело / Фото: depositphotos

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Мајка од Србија со моќен потсетник за родителите кои постојано „висат“ на телефон: „Детето забележув... „Ако скролате на телефонот додека си играте со вашето дете, несвесно го терате д...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Ќерка ми трпеше болка во стомак за да не нè загрижува – заврши на итна операција со пукнато слепо ц... Исповед на мајка од Србија со моќен апел до родителите: „Таа трпеше болка долго,...

Најчитани неделава