„Што и да се случи, мама секогаш ќе те сака“ - Совети кои секоја мајка треба да ѝ ги каже на својата ќерка

Вчера беше мало девојче кое трчаше боса по нашиот тревник, а денес се подготвува да излезе со своето момче. Целата таа трепери додека избира фустан. Куќата мириса на нејзиниот парфем и љубовта што зрачи од неа. Сакам да ѝ кажам... Сакам, но сега таа не слуша...“ – Звучи познато, зарем не?!

Shto-i-da-se-sluchi-mama-sekogash-kje-te-saka-soveti-koi-sekoja-majka-treba-da-i-gi-kazhe-na-svojata-kjerka 01 630x330.jpg

Секоја мајка сака нејзината ќерка да биде посреќна од неа. Па така, гледајќи на своето животно искуство, таа чува непроценливи и мудри совети за својата ќерка.

За жал, светот не е така розов како што е прикажан во романтичните филмови и во цртаните за принцезите.

Вашата ќерка треба да го знае ова. Разговарајте со своите деца за тоа како да се соочат со многуте предизвици и тешкотии во животот. Најважно е да ги научите како да ги совладаат.

Во продолжение издвоивме 15 совети кои секоја мајка треба да ѝ ги каже на својата ќерка:

Никој не знае правилно се облекува, јаде или сака. Како најдобро да се градат куќи, цркви или меѓучовечки односи.

Правилно е да се молиме или да медитираме? Штедиме или трошиме? Да скокнеме два чекори или да одиме чекор по чекор? Сите одговори се во тебе, ќе ги почувствуваш длабоко во себе. Најважно е да научиш да се слушаш себеси.

Животот е постојана варијација на работата и одморот. Не занемарувај го времето предвидено за одмор и релаксација.

За средување на старата соба не ти требаат толку пари, колку знаење и вештини.

Во животот сѐ е подеднакво поделено: омраза и љубов, богатство и сиромаштија, смеа и солзи, но секогаш можеш да избереш на која половина ќе се придржуваш.

Главната задача е да се пронајдеш себеси и да бидеш среќна, но твоето „добро“ никому да не му наштети.

Внатрешната убавина е многу посветла и посилна од надворешната. Ако жената блеска однатре, не мора да троши пари на дијаманти.

Не лажи се себеси. Никогаш не прави го тоа.

Shto-i-da-se-sluchi-mama-sekogash-kje-te-saka-soveti-koi-sekoja-majka-treba-da-i-gi-kazhe-na-svojata-kjerka 02 630x380.jpg

Силните жени плачат - и тоа како! Неопходно е да ги ослободиш сите емоции и да се прифатиш себеси. Најважно е емоционалното здравје на жената.

Нема потреба да го прикажуваш целиот свој живот на социјалните мрежи. Сепак, постои дел кој треба да остане непознат за широкиот опсег.

Пријателите си се пријатели, а не доверители или исповедници. Ако сакаш одредено нешто по секоја цена да остане тајна, не кажувај никому.

Важно е да ја одржувате љубовта во врската, без разлика на секојдневните проблеми, рутина, животни тешкотии и случувања.

Речиси сè може да се поправи и да се започне одново. Не можеш само да го воскреснеш човечкиот живот.

Бракот не е обврска и не е задолжителен. Можеш да живеш сама, во двојка или во цела заедница. Можеш да родиш 5 или да остариш без деца. Главната работа е да живееш во хармонија.

Секогаш размислувај, анализирај и сомневај се. Избегнувај стереотипи.

Што и да се случи, мама секогаш ќе те сака.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg