Засрамена сум откако ќерка ми (4) почна да ги прашува жените: „Имаш бебе или лубеница во мешето?“

Ќерка ми има 4 години и оди во градинка во Скопје, а ќе ви раскажам една ситуација што ме остави засрамена откако еден обичен неврзан разговор по дома ме доведе во „траги-комична“ ситуација. Ќерка ми почна негувателките да ги прашува дали имаат „бебе или лубеница во мешето...“

zasramena-sum-otkako-kjerka-mi-4-pochna-da-gi-prashuva-zhenite-imash-bebe-ili-lubenica-vo-mesheto-01.jpg

„Дете е“ – велат, „Ништо не разбира“, „Мала е“...

Речиси сите имаме по една приказна за тоа како сме ги посрамотиле родителите кога сме биле мали, така што сме раскажале некоја непријатна домашна ситуација каде што не треба – на излегување, со пријателите, во градинка, а сме биле премногу мали за да знаеме дека на нашите родители нема да им е пријатно...

Таквите приказни често потоа биле прераскажувани од нашите родители, па понекогаш дури и самите се срамиме од нив, но што е тука е.

Сега јас сум родител. Сега јас треба да внимавам што правам, што говорам и како се однесувам и морам да признам дека не е секогаш лесно... Особено кога ќе почнат прашањата, а немам време да одговорам.

Пред извесно време, поради карантинот, работев од дома и додека пишував за една бремена жена и ги подредував фотографиите, ќерка ми која има 4 години дојде до мене.

„Мамо што правиш?“ – ме прашува и ги гледа фотографиите на компјутерот.

„Работам“ – ѝ одговарам.

„А што ѝ е на тетката на мешето?“ – ме прашува.

„Има бебенце во мешето“ – ѝ велам.

Ме погледна онака незаинтересирано и си продолжи со својата работа. Си ги зема боичките и си седна до мене да си црта, како што прави и вообичаено.

Искрено, мислев дека воопшто и не ми обрнала внимание и дека го заборавила одговорот на прашањето, дека воопшто не ја исперципирала информацијата дека големиот стомак кај жената значи бебе во стомакот.

Во последниот период успеав да качам некое килце, не дека не водам грижа за себеси. Впрочем постојано сум така – ќе качам некое кило, ќе забележам дека ситуацијата е алармантна и веднаш почнувам да внимавам за да се вратам во нормала. Но, мојот подуен стомак не поминал незабележано.

Пред неколку дена, си дојдов од работа, се пресоблекувам, а ќерка ми ме гледа во стомакот и ми вели:

„Леле, мамо – па ти имаш бебе во мешето“.

„Не, немам бебе“ – ѝ велам, а таа ме гледа збунето, како да не ѝ е јасно зошто стомакот ми е голем, ако немам бебе.

„Мама јадеше многу и мешето ѝ порасна, нема бебе“ – ѝ велам во брзање, па трчам кон кујната да почнам да подготвувам вечера.

„А, што јадеше мамо? Лубеница?“ – пак ме прашува додека оди по мене и не се откажува од испрашувањето.

„Да, лубеница...“ – ѝ одговорив и мислев дека приказната таму ќе се заврши.

zasramena-sum-otkako-kjerka-mi-4-pochna-da-gi-prashuva-zhenite-imash-bebe-ili-lubenica-vo-mesheto-02.jpg

Но, како и сѐ друго кога станува збор за децата, така и по оваа навидум обична конверзација имав можност да увидам дека нештата не поминуваат туку-така, па еден обичен разговор може да предизвика други ситуации во кои ќе црвенеете од срам и ќе посакате земјата да се отвори и да ве голтне.

Воопшто не помислив дека нејзината детска логика и немањето филтер кон искажување на сопственото мислење може да ме доведат во незгодна ситуација.

Така, пред некој ден, одам од работа да ја земам ќерка ми од градинка, а таму ме пречекува негувателката која се смее до солзи:

„Ќерка ви ме праша дали и јас сум јадела многу лубеница или сум имала бебе во мешето“ – ми раскажува и се смее.

zasramena-sum-otkako-kjerka-mi-4-pochna-da-gi-prashuva-zhenite-imash-bebe-ili-lubenica-vo-mesheto-04.jpg

„Вели, ‘мама има голем стомак, ама нема бебе во мешето, има цела лубеница’“ – ми раскажува негувателката, а јас црвенеам, се срамам...

Си мислам, среќа учителката не е таква па да се налути, но што е со другите луѓе?

Воопшто не е пријатно ќерка ми да оди и да ги прашува жените дали се бремени или имаат лубеници...

Знам дека пред мене е долг разговор во кој очигледно ќе треба да ја научам ќерка ми дека не е убаво да коментира за туѓиот изглед и навистина сѐ уште размислувам како тоа да го направам со четиригодишно дете...

Но, од друга страна, сфатив и друго нешто – не е толку мала за „да не знае“ што ѝ зборувам. Сѐ што ќе ѝ кажам го помни, па потоа го употребува во ситуациите што нејзе ѝ се гледаат соодветни.

Затоа, веќе нема одговори во брзање и непромислени одговори. За да не се најдам повторно во некоја слична ситуација.

Што мислите вие?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com/ freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Одам на работа, се грижам за децата, чистам, а сопругот не прави ништо – решив да се разведам“ „Работам со полно работно време и јас правам сè. Јас готвам, јас го чистам тоале...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg