„Живеам во Прага – тука родителите ги шетаат децата и на дожд и не се плашат кога ќе паднат“

„Во Чешка децата возат велосипеди без придружба, шетаат сами низ населбите, сами се возат во јавен превоз од најмала возраст“ – раскажува мајка од САД која останала зачудена од тоа колкава слобода им се дава на децата во Чешка, откако се преселила таму.

vo-cheshka-gi-uchat-decata-da-ne-se-plashat-ako-padnat-nema-losho-vreme-za-shetanje-samo-losha-obleka-01.jpg

Елизабет Лонг во статија за Insider го пренесува сопственото искуство за тоа колкави се разликите во воспитувањето на децата во Чешка и во САД, помеѓу слободата на децата и „хеликоптер“ родителството.

Во продолжение проследете ги нејзините искуства во целост:

Последните две години ги поминав во Прага и ме фасцинираше тоа да ги набљудувам разликите во тамошниот пристап во воспитувањето на децата и на она на што сум навикната во САД.

Како мајка на две мали момчиња отсекогаш ме фасцинирало колку различни начини на воспитување на децата постојат.

vo-cheshka-gi-uchat-decata-da-ne-se-plashat-ako-padnat-nema-losho-vreme-za-shetanje-samo-losha-obleka-02.jpg

Понекогаш се прашувам дали сум премногу вклучена во сите дејствија на моите деца и преку набљудувањето на родителите во Прага сфатив како различните стилови на воспитување на децата може да влијаат вез можноста на децата да пораснат, да растат и да развијат чувство за преземање ризици.

Првата разлика што ја воочив е во тоа колку многу време родителите во Чешка поминуваат надвор со нивните деца.

Ми рекоа дека не постои лошо време. Само поради лошата облека некои луѓе не сакаат да одат надвор за време на одредени временски прилики.

Често можев да видам семејства како пешачат по дожд, се шетаат со колички со бебиња на мошне ниски температури и ги прифаќаат сите благодати на природата околу нив.

Иако голем број семејства во САД сакаат да поминуваат време надвор, според мене, нивните преполни распореди не им дозволуваат долготрајни излегувања, а временските прилики во голема мера влијаат на тоа дали децата и родителите ќе сакаат да излезат.

vo-cheshka-gi-uchat-decata-da-ne-se-plashat-ako-padnat-nema-losho-vreme-za-shetanje-samo-losha-obleka-03.jpg

Друга работа што ми беше воочлива е дека родителите во Чешка имаат поголем праг на толеранција за тоа што е прифатливо во однос на ризиците што нивните деца ги преземаат.

Игралиштата се совршен пример. Најчесто имаат структури за искачување познати како пајакова мрежа – замислете пирамида кај која сите страни се конструирани од мрежа од јаже и кои се издигнуваат до 6 метри во височина, како и голем број предизвици за балансирање, заради кои голем број Американци веднаш би ги посетиле адвокатите доколку таквите структури се појават во САД.

vo-cheshka-gi-uchat-decata-da-ne-se-plashat-ako-padnat-nema-losho-vreme-za-shetanje-samo-losha-obleka-04.jpg

Децата се возат во јавен превоз многу помали отколку што тоа го прават во САД.

Остануваат дома сами. Возат велосипеди без придружба. Одат на пешачење, се искачуваат, паѓаат, се повредуваат и стануваат и пак го повторуваат истото затоа што научиле дека не смеат да дозволат падот да ги уплаши.

vo-cheshka-gi-uchat-decata-da-ne-se-plashat-ako-padnat-nema-losho-vreme-za-shetanje-samo-losha-obleka-05.jpg

Родителите во Чешка по сè изгледа им дозволуваат да ги поместуваат границите на начини на коишто „хеликоптер“ родителството од САД нема да им го дозволи.

Последно нешто што го забележав е дека родителите во Чешка на нивните деца им даваат поголема слобода да истражуваат.

Децата трчаат слободно низ соседствата, шетаат низ шумите и трчаат по полињата, а често воопшто немаат надзор од родители.

Некои ресторани нудат игрални, но тие честопати не се во видното поле на родителите.

Честопати родителите може да се забележат на прометни локации надвор и на историски места, а нивните деца се во близина, но не се до нив.

vo-cheshka-gi-uchat-decata-da-ne-se-plashat-ako-padnat-nema-losho-vreme-za-shetanje-samo-losha-obleka-06.jpg

Наспроти ова сфатив дека метафоричниот синџир со кој ги држам моите деца стана постегнат откако се вративме во САД. Можеби се чувствував побезбедно во Прага. Можеби, станав посвесна по времето поминато во странство.

Како и да е, се фаќам себеси како сѐ повеќе ги стегам децата откако се вративме, а се трудам да се присилам да се сетам на лекциите што ги научив ви изминатите две години и да им подарам поголема слобода за да го истражат она што го посакуваат.

Различните земји имаат различни начини на воспитување на децата и можеме да научиме едни од други доколку останеме отворени за нови идеи.

vo-cheshka-gi-uchat-decata-da-ne-se-plashat-ako-padnat-nema-losho-vreme-za-shetanje-samo-losha-obleka-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...

Најчитани неделава