8 работи што родителите ги прават многу поразлично со второто дете

Ако имате едно дете, веројатно обожавате да го фотографирате, но кога ќе добиете второ, ќе ви стане јасно дека никој нема да ги гледа илјадниците фотки од него, па нема ни да се обидувате да ги правите.

8-raboti-shto-roditelite-gi-pravat-mnogu-porazlichno-so-vtoroto-dete--01.jpg

Новите родители се неискусни и поради тоа на почетокот се исплашени и загрижени за секоја ситница.

Сепак, со текот на времето учат и додека да го добијат второто дете многу добро знаат кои работи треба да им се приоритет, а на што не треба ни да обрнуваат внимание.

Што значи, грижата за првото и второто дете може да биде драстично различна.

Кои разлики можете да ги очекувате?

Нема да паничите за секоја ситница

Обично родителите се многу загрижени за безбедноста на нивното дете и тоа е сосема нормално.

Кога станува збор за првото дете, паничат за секоја ситница, но кога ќе го добијат второто дете веќе знаат што е навистина опасно, а што не, па не се плашат за буквално сè.

Без проблем ќе ги игнорирате коментарите од странците

Со првото дете родителите се неискусни, па коментарите од странците неретко ги сфаќаат сериозно.

Сосема возможно е да помислат дека личност која воопшто не ја познаваат може да знае повеќе за нивното дете, па вистински да се загрижат кога некој ќе им дофрли нешто.

Со второто дете нештата се менуваат – родителите се сигурни во себе, знаат што прават и воопшто не им е грижа за мислењето и коментарите од другите.

8-raboti-shto-roditelite-gi-pravat-mnogu-porazlichno-so-vtoroto-dete-02.jpg

Бројот на фотки од второто дете ќе биде драстично помал

Кога родителството е потполно ново искуство, нормално е да сакате да го овековечите секој момент. Па, вашиот телефон ќе биде полн со фотки со првото дете.

Од друга страна, со второто дете веќе ќе ви стане јасно дека никој никогаш нема да ги гледа сите тие фотографии, па нема ни да се обидувате да ги правите толку често.

Ќе сфатите дека и највоспитаните деца можат да се однесуваат лошо

Сите дечиња се различни, а без разлика каков карактер имаат или како се воспитани, одвреме-навреме на сите им се случува да имаат мали „испади“.

Родителите го учат ова дури откако ќе потпорасне нивното прво дете. Кога ќе пристигне второто, веќе знаат што да очекуваат.

8-raboti-shto-roditelite-gi-pravat-mnogu-porazlichno-so-vtoroto-dete-03.jpg

Електронските уреди нема да ги гледате како „најголемо зло“

Можеби никако нема да дозволувате првото дете да го минува слободното време со лаптоп или смартфон, но со вторите деца скоро сите родители се попопустливи.

Со текот на времето родителите сфаќаат дека нема ништо лошо во тоа да му дозволат на детето да поигра некоја игра на телефонот или компјутерот додека тие да завршат некоја неодложна обврска. Секако, тоа да не стане навика.

8-raboti-shto-roditelite-gi-pravat-mnogu-porazlichno-so-vtoroto-dete-04.jpg

Бактериите нема да ви изгледаат толку страшно

Како што веќе напоменавме, родителите се многу загрижени за безбедноста, но и за здравјето на првото дете, па ќе го следат буквално секој совет, дури и од лица кои не се експерти.

Постојано ќе го чистат домот, ќе внимаваат што допира детето и, генерално, ќе направат сè за да го заштитат од бактерии и потенцијални болести.

Сепак, со текот на времето на родителите им станува јасно дека нема потреба да бидат толку исплашени за здравјето на бебето, па ќе бидат поопуштени.

Средениот дом нема да ви биде приоритет

По второто дете, родителите веќе знаат дека е невозможна мисија да имаат среден дом и мало дете.

Ако сега паничите за нередот во домот, бидете сигурни дека со текот на времето ќе станете поопуштени бидејќи ќе ви стане јасно дека никогаш нема да пристигнете со чистење.

8-raboti-shto-roditelite-gi-pravat-mnogu-porazlichno-so-vtoroto-dete-05.jpg

Нема да ви биде грижа што носат децата

Додека за првото дете родителите со задоволство купуваат облека која изгледа убаво, за второто сфаќаат дека на детето воопшто не му е грижа.

Знаат дека на детето му е најважно да му биде удобно и топло и штом облеката ги исполнува тие услови, другото не е воопшто важно.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg