Желбата за солена храна значи дека е машко и уште 6 митови за полот на бебето – кои се вистина, а кои лага?

Додека желбата за одредена храна не го открива полот на детето, големината на градите донекаде може да открие дали носите машко или женско дете.

zhelbata-za-solena-hrana-znachi-deka-e-mashko-i-ushte-6-mitovi-za-polot-na-bebeto-koi-se-vistina-a-koi-laga-01.jpg

Постојат многу митови кога станува збор за бременост и додека повеќето се само измислици, дел од нив сепак се покажале како вистинити.

Можеби најпопуларни се митовите според кои формата на стомакот, утринската мачнина и сличните „знаци“ можат да го откријат полот на бебето што го носи мајката.

Истражувањата побиле поголем дел од овие митови, но за некои од нив сега знаеме дека сепак се вистина.

Кои митови за полот на бебето се вистина, а кои лага?

Мит 1: Пулсот на бебето може да го открие полот

Во просек, пулсот на бебињата во стомакот на мајката е помеѓу 110 и 160 удари во минута, а се менува во зависност од нивната активност.

Сосема нормално е и некои бебиња да имаат побрз или побавен пулс, а ова не зависи од нивниот пол.

Ова е потврдено и со истражување во кое учествувале 966 бремени жени, од кои 51% носеле девојче, а 49% момче.

Истражувањето покажало дека разликата помеѓу пулсот на машките и женските бебиња е занемарлива, што значи пулсот не го открива полот. 

zhelbata-za-solena-hrana-znachi-deka-e-mashko-i-ushte-6-mitovi-za-polot-na-bebeto-koi-se-vistina-a-koi-laga-02.jpg

Мит 2: Висината на трудничкото стомаче го открива полот

Постои верување дека ако стомакот на бремената жена е понизок, тогаш носи момче. Ако стомачето е повисоко, тогаш е девојче.

Вистината е дека нема истражување што го потврдува ова. Наводно, висината на стомакот зависи од други фактори кои немаат никаква врска со полот на бебето.

На пример, ако жената е бремена првпат или има силни стомачни мускули, поверојатно е стомакот да биде поставен повисоко.

zhelbata-za-solena-hrana-znachi-deka-e-mashko-i-ushte-6-mitovi-za-polot-na-bebeto-koi-se-vistina-a-koi-laga-03.jpg

Мит 3: Формата на стомакот го открива полот

Слично како со висината на стомакот, ниту неговата форма не може да го открие полот на бебето.

Формата на стомакот генерално зависи од големината на бебето и неговата положба.

zhelbata-za-solena-hrana-znachi-deka-e-mashko-i-ushte-6-mitovi-za-polot-na-bebeto-koi-se-vistina-a-koi-laga-04.jpg

Мит 4: Желба за солена или слатка храна

Според овој мит, жените кои имаат желба за солена храна носат момче, а оние кои сакаат слатка – носат девојче.

Добро познат факт е дека некои бремени жени имаат изразена желба за одредена храна, но ниту ова не зависи од полот.

Наводно, уште не е познато што точно ја предизвикува зголемената желба за некоја храна во текот на бременоста, но постојат неколку претпоставки.

На пример, можеби на организмот му недостасува одредена хранлива состојка, па затоа се зголемува желбата за храна што ја има таа состојка - ако недостасува натриум, ќе се појави желба за солена храна бидејќи солта содржи натриум. 

zhelbata-za-solena-hrana-znachi-deka-e-mashko-i-ushte-6-mitovi-za-polot-na-bebeto-koi-se-vistina-a-koi-laga-05.jpg

Мит 5: Интензитетот на утринската мачнина го открива полот на детето

Постои верување дека жените со поизразена утринска мачнина носат девојче. Според истражување, ова е можеби точно.

Резултатите од истражувањето во кое учествувале 2.543 бремени жени покажале дека утринската мачнина може да се појави без разлика на полот.

Разликата е во тоа што кај жените кои носеле девојче овој симптом бил малку поизразен.

Истражувачите заклучиле дека сепак се потребни дополнителни истражувања на оваа тема.

zhelbata-za-solena-hrana-znachi-deka-e-mashko-i-ushte-6-mitovi-za-polot-na-bebeto-koi-se-vistina-a-koi-laga-06.jpg

Мит 6: Состојба на кожата и косата

Според овој мит, сјајната кожа значи дека жената носи момче. Од друга страна, ако жената се соочи со акни и слични кожни проблеми, тогаш носи девојче.

Кога станува збор за косата, густата и сјајна коса во бременоста значи дека бебето е машко, додека сувата, „безживотна“ коса е знак за женско бебе.

И двете верувања се погрешни бидејќи овие промени кај кожата и косата настануваат поради хормоналните промени во организмот.

Промените зависат и од организмот на жената – ако, на пример, жената имала проблематична кожа пред бременоста, постои можност состојбата да се влоши откако ќе остане бремена поради зголеменото лачење масти.

zhelbata-za-solena-hrana-znachi-deka-e-mashko-i-ushte-6-mitovi-za-polot-na-bebeto-koi-se-vistina-a-koi-laga-07.jpg

Мит 7: Големина на градите

По сè изгледа дека ова верување е вистина, но потребни се мали корекции.

Според верувањето, градите на жените кои носат машко дете се зголемуваат повеќе бидејќи е потребно повеќе млеко.

Истражување во кое учествувале 120 жени покажало дека машкото дете може да предизвика поголемо зголемување на градите.

Сепак, истражувачите нагласуваат дека големината на градите не значи повеќе млеко, па причината веројатно е нешто друго.

zhelbata-za-solena-hrana-znachi-deka-e-mashko-i-ushte-6-mitovi-za-polot-na-bebeto-koi-se-vistina-a-koi-laga-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg