Потресно писмо до мајките во Украина: „Не можам ниту да замислам колку ви е тешко мајчинството среде војна“

„Во ваквите мигови се освестувам јас како мајка, а верувам дека не сум сама. Истуреното млеко повеќе не е нешто кое ги заслужува моите солзи. Недостигот од сон не ми дава за право да се жалам. Ниту тривијалните кавги со сопругот... Моето малечко посилно го стискам во прегратка периодов, привилегија која ми причинува чувство на вина.“

potresno-pismo-do-majkite-vo-ukraina-ne-mozham-nitu-da-zamislam-kolku-vi-e-teshko-majchinstvoto-srede-vojna-01.jpgфото: Извор

Додека седам дома и гледам што се случува во Украина ми забрзува срцебиењето. Ми се потат дланките и очите ми се полнат со солзи. Преоптоварена сум затоа што уште еден несреќен настан му се случува на светот. Како да нема крај на негативата.

Гледам фотографии од мајки и деца како заминуваат од оваа „скршена“ земја. Разделени семејства, полни несигурност дали ќе се видат некогаш повторно. Гледам деца оставени и мајки кои собираат сила да се вратат назад и да се борат за својата држава заедно со нивните сопрузи.

Тажна сум поради суровата реалност. И слушањето на приказни за мајки кои се обидуваат да ја задржат својата смиреност додека сè околу нив се распаѓа за миг ме трогнува.

Природниот инстинкт на мајката е да ги заштити своите деца од психичка, физичка и емоционална траума.

Вашето мало слатко дете треба да се соочи со свет кој е студен, суров и кој истоштува. И најлошо од сè е што вие можеби нема да можете да го заштитите од тоа, иако ваша обврска е да го правите тоа. Секогаш.

Во ваквите мигови се освестувам јас како мајка, а верувам дека не сум сама. Истуреното млеко повеќе не е нешто кое ги заслужува моите солзи. Недостигот од сон не ми дава за право да се жалам. Карањето со мојот сопруг за тривијални работи повеќе не вреди за да губам време на тоа сега.

Не сега кога мајки се соочени со многу поголеми грижи. Тие се грижат како да покажат сила пред своите деца, кога сè што сакаат е да се склопчат и да плачат.

Моето малечко посилно го стискам во прегратка периодов, привилегија која ми причинува чувство на вина, затоа што знам дека многу мајки го немаат ова задоволство во моментот.

Неизмиените садови може да почекаат. Нечистата облека може да се собира уште. Сега, ја користам можноста да паузирам и да го опсипам моето малечко со љубов. Сега, сакам да искажам поддршка за мајките од Украина, иако тоа е незначајно за нив, но можеби е мал зрак светлина.

Не можам ниту да замислам колку ви е тешко мајчинството среде војна. Но, стојам со вас.

Не можам да го замислам стравот и ужасните мисли кои ви минуваат низ умот.

Не можам да ја замислам тежината да бидете разделени од вашето дете или сопруг.

Сочувствувам со вас и дури и во миговите кога силата е единствената работа која ве одржува, сфаќам дека имате потреба да бидете слаби на моменти, како овој.

Светот е тешко место за живот сега и ви дава огромен товар на плеќите. Но, мајките од сите земји од светот се со вас и ја разбираат вашата болка, стрес, солзи.

Со вас сме, вие сте силни, ќе го издржите ова!

Извор

Автор: Марија Медокс

Би можело да ве интересира:

Мајката е мајка цел живот - дури и кога „детето“ ќе ѝ наполни 40 години Иако не мора, мајката ѝ купува соленки на нејзината 34-годишна ќерка кога оди во...
Постпородилна депресија: Причини и симптоми Раѓањето дете и неговото одгледување се навистина интензивен и чувствителен пери...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg