„Го мразам маж ми, но во брак сме 16 години и нема да се разведам од него“

51-годишна жена од САД вели дека ѝ било потребна една деценија за да прифати кој е нејзиниот сопруг и да прифати дека не може да го промени.

go-mrazam-mazh-mi-no-vo-brak-sme-16-godini-i-nema-da-se-razvedam-od-nego-01.jpg

Хедер Хаврилеску (51) е новинар, автор и мајка на две деца од Северна Каролина која ја напиша книгата „Foreverland: On the Divine Tedium of Marriage“ во која отворено говори дека го мрази сопругот со кого е 16 години во брак, но и дека не планира да се разведе од него.

Таа има две деца, на возраст од 12 и 16 години со нејзиниот сопруг Бил.

За него во книгата таа вели дека е како иритирачка Лего коцка под ногата.

„Бракот е постојано убедување на самите себе да останете со истата личност до денот кога ќе умрете“, тврди Хедер. Но, додава дека и покрај тоа не планира да се разведе.

go-mrazam-mazh-mi-no-vo-brak-sme-16-godini-i-nema-da-se-razvedam-od-nego-07.jpg

Хедер е дете од разведени родители и вели дека за бракот учела од Дизни филмовите и тоа ѝ креирало идеализирана слика во главата.

Вели дека сакала да напише искрена книга за бракот затоа што сите тие лажни претстави за овој тип на заедница во книгите ја иритирале.

На почетокот била загрижена како нејзиниот сопруг ќе реагира на книгата, но кога тој ѝ кажал дека не се грижи за мислењето на луѓето, таа била комплетно искрена при пишувањето.

go-mrazam-mazh-mi-no-vo-brak-sme-16-godini-i-nema-da-se-razvedam-od-nego-03.jpg

Хедер во книгата пишува дека ѝ било потребна една деценија за да прифати кој е нејзиниот сопруг и да прифати дека не може да го промени.

Но, од друга страна, вели дека кога ѝ бил дијагностициран рак на града, сфатила колкава поддршка ѝ е сопругот за време на третманот.

„Го мразам клишето кога жените ќе кажат дека сопругот им е најдобар пријател, но јас навистина мислам дека тој е мојот најдобар пријател, терапевт и мајка во едно“, заклучува на крај.

go-mrazam-mazh-mi-no-vo-brak-sme-16-godini-i-nema-da-se-razvedam-od-nego-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...

Најчитани неделава