„Да се биде тазе мајка е најтешкото нешто во животот – какви ментални битки водиме?“

„Кога станав мајка, мајка ми ми даваше огромна поддршка, но не беше доволно. Најголемиот шок ми беше дека јас треба да правам сè. Си правев преголем притисок. Бев уморна од доење, чистење и од грижа за финансиите.“

iskreni-ispovedi-shto-sakaat-taze-majkite-da-znaete-za-nivnoto-mentalno-zdravje-01.jpg

Да се стане мајка е огромна промена во животот. Повеќе ништо не е исто. Сè се менува од корен.

„Заглавени“ сте со нова, огромна одговорност и се борите да се справите со сите промени во вашиот живот, плус со хормоналните промени од бременоста и породувањето.

И ова може сериозно да влијае врз вашето ментално здравје.

На тазе мајките им е потребна помош и разбирање и тие сакаат да знаете како се чувствуваат.

Искрени исповеди на мајки за нивните ментални битки:

Хеди, мајка на 13-годишна ќерка и 8-годишен син

„Кога станав мајка, мајка ми ми даваше огромна поддршка, но не беше доволно. Најголемиот шок ми беше дека јас треба да правам сè. Си правев преголем притисок. Бев уморна од доење, чистење и од грижа за финансиите.

Си задавав невозможни задачи и не барав помош.

Посакувам новите мајки да знааат дека животот им се менува засекогаш и дека треба да си дадат време и простор за да го прифатат тоа. Исто така ги советувам да комуницираат со други мајки онлајн и да бараат помош.“

iskreni-ispovedi-shto-sakaat-taze-majkite-da-znaete-za-nivnoto-mentalno-zdravje-02.jpg

Дејзи, мајка на 4-годишно девојче

„Беше тешко, ставав храбра фаца во јавност, а дома плачев. Најтешко ми паѓаа неуспесите при доењето. Ја доев само 3 месеци ќеркичката и бев разочарана што немам доволно млеко, како да се самоказнував.

Сите тазе мајки ги советувам да не следат туѓи правила, туку сами да ги прават работите на начинот на кој нив им одговара.“

iskreni-ispovedi-shto-sakaat-taze-majkite-da-znaete-za-nivnoto-mentalno-zdravje-03.jpg

Амбер, мајка на 2-годишен син

„Станав мајка рано и не беше планирано. Имав 26 години и во првите месеци се чувствував многу осамено.

Посакувам да комуницирав поотворено и да кажев како се чувствувам. Ги советувам мајките да си кажуваат што ги мачи.“

iskreni-ispovedi-shto-sakaat-taze-majkite-da-znaete-za-nivnoto-mentalno-zdravje-04.jpg

Лора, мајка на 3 сина, на возраст од 8, 11 и 14 години

„Не бев подготвена за недостигот од сон. Посакувам некој да ме припремеше за тоа. Поради тоа расположението ми варираше, од депресивно до воодушевување од новата улога.

Се чувствував невидливо, како да ми исчезна идентитетот. Трансформацијата е навистина збунувачка.

Им советувам на тазе мајките да си најдат други мајки пријателки и да споделуваат сè со нив. Најважно е да знаете дека не сте само вие во таква ситуација.“

iskreni-ispovedi-shto-sakaat-taze-majkite-da-znaete-za-nivnoto-mentalno-zdravje-05.jpg

Корин, мајка на 3 деца, на возраст од 1, 8 и 11 години

„Посакувам кога го родив првото дете некој да ми кажеше дека моето бебе ќе биде добро, да не се грижам за тоа, но да не заборавам да се грижам за моето ментално здравје.

Им советувам на тазе мајките да бидат нежни кон себе, особено во првите месеци по породувањето. Да се стане мајка е навистина важна и тешка работа.“

iskreni-ispovedi-shto-sakaat-taze-majkite-da-znaete-za-nivnoto-mentalno-zdravje-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава