Првата година од бракот е најлесна и уште 9 митови за бракот

Ќе имате постојано романтичен и страстен секс. - Не е така, со партнерот ќе имате различни потреби и гледишта за тоа како треба да изгледа сексуалниот живот и некогаш тешко ќе се усогласувате.

prvata-godina-od-brakot-e-najlesna-i-ushte-9-mitovi-za-brakot-01.jpg

Сигурно сте слушнале многу работи за бракот, но мора да знаете дека голем дел од нив се митови.

Митови за бракот:

Ќе имате постојано романтичен и страстен секс.

Не е така, со партнерот ќе имате различни потреби и гледишта за тоа како треба да изгледа сексуалниот живот и некогаш тешко ќе се усогласувате.

Првата година од бракот е најлесна.

Не е така, таа е можеби и најтешка затоа што учите многу нови работи еден за друг и учите како функционира бракот.

Сè додека се сакате, вашиот брак ќе биде во ред.

Љубовта е клучната состојкa на бракот, но не и единствената. Има парови што се сакаат и се разведуваат. Важна е довербата, почиттта за разликите и сличната визија за животот.

Прерано е да се оди на брачен советник во првата година од бракот.

Бројот на години во брак нема врска, првата година можеби е дури и најдобрата за ваков потег за од старт да се решат проблемите и да се спаси бракот.

Вашиот брачен партнер треба да знае како да ве сака.

Не постои стандардна дефиниција за тоа како треба да изгледа љубовта и можно е вие да имате нереални очекувања од партнерот, потребно е отворено да разговарате со него за тоа.

Уште 5 митови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Душан Благојевиќ: „Во бракот биди ти оној што останува - не затоа што е лесно, туку затоа што си вет... „Бракот е светост во која двајца несовршени влегуваат со вера дека ќе растат зае...
12 фотки што ќе ви го стопат срцето - првата средба на семејството со новото бебе „Имам 44 години и не мислев дека ќе станам татко, но тоа се смени денеска. Запоз...
Татко на 4 деца од САД со искрена објава: „Бракот станува тежок - двајцата сте исцрпени и се обвинув... „Лесно е да почнете да го гледате вашиот партнер како: Оној што не сфаќа. Оној ш...

Најчитани неделава