Татко на 4 деца од САД со искрена објава: „Бракот станува тежок - двајцата сте исцрпени и се обвинувате еден со друг“
„Лесно е да почнете да го гледате вашиот партнер како: Оној што не сфаќа. Оној што никогаш не помага. Оној што секогаш приговара. Но, што е со ова етикетирање? Тој ја убива поврзаноста“, искрено вели Карл Бретленд од САД.

Карл Бретленд од САД на Инстаграм познат како „LivFitKarl“ е фитнес и лајфстајл инфлуенсер, познат по мотивациски содржини, совети за здрава исхрана, вежбање и ментално здравје.
Тој искрено говори и за семејниот живот и за периодичните тешкотии во бракот, кога треба да се справите со деца, финансиски кризи и со низа секојдневни предизвици.
Тој е татко на четири деца, од кои две се идентични близнаци. Често зборува за своето родителство и балансирањето помеѓу семејниот живот и фитнесот.

Тој се претставува како „stay at home dad“, татко кој активно се грижи за децата дома, додека паралелно работи како онлајн фитнес тренер.
Во неговите објави ќе се пронајдат многумина.
Една од нив гласи:
„Бракот станува тежок.
Не затоа што нешто не е во ред со вас. Туку затоа што животот станува тежок и двајцата го носите товарот на различен начин.

Вие сте истоштени.
Децата се престимулирани.

И вие и партнерот се чувствувате како да сте невидливи и никој не ве гледа.
И дури и најситните работи се претвораат во големи кавги.
Лесно е да почнете да го гледате вашиот партнер како:
Оној што не сфаќа.
Оној што никогаш не помага.
Оној што секогаш приговара.

Но, што е со ова етикетирање?
Тој ја убива поврзаноста.
Бракот е тимски спорт. И некои денови едноставно не постигнувате поени, туку само се обидувате да не си ја префрлите топката еден на друг. Но, вие уште сте во истиот тим!
Си ветивте во добро и во лошо.
Тоа значи дури и кога децата комплетно ве исцрпуваат.
И кога нема доволно пари.
Дури и во оние денови како едноставно да не си се допаѓате еден на друг.

Справувањето со најтешкото не значи глумење на мир.
Значи борба за вистински мир.
Преку искрени разговори, почит и внимателно сослушување.

Вие не растете само деца.
Вие градите брак кој еден ден ним треба да им биде пример.
Тоа значи покажување на љубов, почит и простување, секојдневно.
Силните бракови не се совршени.
Тие се само составени од двајца луѓе кои едноставно одбиваат да се откажат еден од друг, дури и кога животот ги растргнува“.
С. С. | Црнобело