„Сонував дека еден ден ќе имам 3 деца, но сега на 30 години повеќе сакам да бидам тетка отколку мајка - зошто?“

Кога ќе се омажиш? Планираш ли да имаш деца? Како ќе добиеш деца кога не сакаш да се омажиш? – Овие прашања им се познати на сите оние што се блиску или ја поминале 30-тата година од животот, а сѐ уште не ја нашле љубовта. Како им одговори оваа жена на сите што ѝ го поставиле тоа прашање?

sonuvav-deka-eden-den-kje-imam-3-deca-no-sega-na-30-godini-povekje-sakam-da-bidam-tetka-otkolku-majka-zoshto-01.jpg

Авторката Мери Вајт за порталот Popsugar напиша подолга колумна за тоа кои се причините заради кои одлучила да нема деца во иднина.

sonuvav-deka-eden-den-kje-imam-3-deca-no-sega-na-30-godini-povekje-sakam-da-bidam-tetka-otkolku-majka-zoshto-04.jpg

Како што вели, во минатото сонувала дека еден ден ќе има големо семејство, но откако тоа не се случило до нејзината 30-та година, донела радикална одлука.

Во колумната таа им одговори на сите што постојано ја потпрашуваат кога планира да се омажи и да има деца.

Нејзиниот текст ви го пренесуваме во целост:

„Јас сум немажена жена на 30 години, а луѓето честопати ме прашуваат дали сакам деца и тоа најчесто доаѓа од луѓе што не ме познаваат или оние роднини што ми го мислат најдоброто. Кога ќе им речам дека не размислувам за деца, веднаш ме прашуваат: 'Зошто?!'

Би можела да направам (и направив) цел список со причини:

Не сакам да преземам огромна одговорност и да одгледам дете. Помислата дека треба да бидам бремена ме преплашува. Јас сум огромен инроверт што го обожава времето поминато во осаменост и не можам да замислам постојано да живеам со друга личност. Многу сум повозбудена за тоа да бидам тетка, отколку мајка.’

Додека сите тие причини се реални, тие не се вистинската причина зошто одлучив да немам деца. Всушност, одговорот е многу поедноставен: 'Не сакам да имам деца'.

sonuvav-deka-eden-den-kje-imam-3-deca-no-sega-na-30-godini-povekje-sakam-da-bidam-tetka-otkolku-majka-zoshto-02.jpg

Пред да ми превртите очи и да ми речете: ‘Како да не’, ве молам ислушајте ме во целост.

Уште кога бев мала, верував дека ќе се омажам и ќе имам деца, и ќе засновам сопствено семејство – во мојата глава, децата се нешто што едноставно треба да го направиш.

Пораснав во големо семејство, каде сите сме блиски и заедно со моите сестри и братучетки фантазиравме за тоа дека еден ден сите заедно ќе имаме деца и ќе се собираме за празници и за одмори како што тоа го правеа нашите родители.

Дури и ги имав избрано имињата на моите деца, најстарото ќе се вика Џек, а близнаците ќе се викаат Хари и Ралф.

Дури откако наполнив 30 години и почнав да го анализирам сопствениот живот, сфатив дека тие работи не само што не ми се случуваа, туку нема ниту да ми се случат во скоро време, но и дека јас самата не сакам да ми се случат.

Воопшто немам желба за деца, ниту пак имам мајчински инстинкт. Кога ќе видам дете, првата помисла ми е: ‘не, благодарам’, наместо ‘сакам и јас’.

Сонувам да имам партнер, со кого ќе купам куќа надвор од градот, да поминувам многу време со луѓето што ги сакам и воопшто да немам деца.

Моите блиски се прашуваат дали ќе се премислам, вклучувајќи ја и мојата постара сестра која неодамна го доби првото дете и ми вели дека и самата била несигурна за тоа да има деца и дека сѐ уште не се чувствува подготвено.

Секако, кога го видов мојот внук за првпат, веднаш се вљубив во него. По 10-дневната посета си заминав и ги бројам деновите кога повторно ќе го видам, ги гледам видеата од неговата неодолива насмевка, гледам во неговата фотографија на мобилниот телефон и сѐ уште сум 100 отсто сигурна дека не сакам да имам мои деца.

Зошто? Затоа што не сум уплашена. Многу сум среќна затоа што седам и немам никакви обврски околу деца, живеам заедно со мојата мачка, уживам во чаша вино и колку сакам можам да бидам сама.

На тој начин многу сум послична со оние што дефинитивно знаат дека не сакаат деца од оние што се неодлучни.

sonuvav-deka-eden-den-kje-imam-3-deca-no-sega-na-30-godini-povekje-sakam-da-bidam-tetka-otkolku-majka-zoshto-03.jpg

Луѓето ми велат дека еден ден би можела да бидам одлична мајка и најверојатно би можела. Мошне сум трпелива, опуштена и одговорна и со себеси носам чанта што наликува на торба за мајки (да не му треба некому мастика или влажно марамче).

Но, тоа што би можеле да бидете добри во нешто не би требало да биде пресудно за да донесете одлука да го направите, посебно не за нешто толку големо како раѓање деца.

Ако сте родители и сакате деца, ве поздравувам – во моите очи тоа е најтешката и најважната работа што би можеле да ја направите во животот. Но, тоа не е за мене и навистина сум среќна што можам да го направам тој избор.’

Што мислите вие? Ќе се предомисли ли оваа жена еден ден? Колку од вас велеле дека никогаш не сакаат да се омажат и да имаат деца?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg