Зошто да се биде мајка е толку пеколно тешко?

Затоа што неретко се чувствуваш како да не си родена за да бидеш мајка. Затоа што толку посакуваше деца, а сега кога ги имаш само се жалиш дека ти е претешко. Затоа што често мислиш дека немаш поим што правиш, но сепак улогата не би ја менувала за ништо на светот.

zoshto-da-se-bide-majka-e-tolku-pekolno-teshko-01.jpg

Мајчинството е патување како ниту едно друго. Тоа е микс од среќа и тага. Некогаш си најгоре и среќна си како успеваш, но некогаш си велиш „Јас не го можам ова“.

Да се биде мајка е тешко. Ако си, тогаш го знаеш ова.

Јас имам 4 деца. Тоа се деца на 4 различни возрасти, со 4 различни карактери со милион различни потреби.

Тоа се 4 неверојатни деца за кои му благодарам на Бог секој ден. Тоа се 4 деца од кои научив многу.

Но, тешко е да бидеш и добра мајка и сопруга и вработена и едукатор и потребно ти е охрабрување некогаш.

Зошто да се биде мајка е толку пеколно тешко?

Затоа што бара толку многу време, енергија, жртва, посветеност и трпение.

Затоа што секој ден е рутина и емционален товар, кој го исцицува животот од тебе.

Затоа што има мигови на среќа и радост кога сè изгледа сјајно, но во други моменти се чувствуваш изолирано, преоптоварено и осамено.

Затоа што се соочуваш секој ден со анксиозност бидејќи имаат огромни очекувања од тебе.

Затоа што колку и да помага таткото некои од најтешките работи како породување, доење и слично паѓаат на тебе и притисокот кога не успеваш е огромен.

Затоа што не спиеш доволно и телото не успева да ти функционира оптимално.

Затоа што сите ти судат – и докторот и пријателките и бабите.

Затоа што ако детето не спие навечер – виновна е мајката, затоа што ако детето гледа многу телевизија – виновна е мајката.

Затоа тоа што никогаш не те напушта чувството на вина.

Ако си мајка што седи дома – чувствуваш вина затоа што седиш дома и не носиш пари, ако си мајка што работи – затоа што го запоставуваш детето во име на кариерата.

Затоа што се фрустрираш кога ги гледаш на телевизија насмеаните мајки на кои сè им доаѓа природно и сè им оди од рака.

Затоа што неретко се чувствуваш како да не си родена за да бидеш мајка.

Затоа што толку посакуваше деца, а сега кога ги имаш само се жалиш дека ти е претешко.

Затоа што често мислиш дека немаш поим што правиш.

Затоа што не успеваш да имаш контрола и постојано владее хаос.

Затоа што откако стана мајка си поинаква личност, често ти недостига старата ти.

Затоа што се споредуваш со сите мајки од Инстаграм.

Затоа што некогаш го губиш трпението и експлодираш.

Затоа што постојано ти недостига нешто, без разлика дали тоа е одмор или шолја кафе.

Затоа што се справуваш со најпредизвикувачката работа на светот...

Но, вреди! Да се биде мајка е тешко, но е и најголемиот подарок кој некогаш можеш да го добиеш.

Затоа што и бессоните ноќи и хаотичниот дом не би ги сменила за ништо на светот и не би сакала на ниту еден поинаков начин да го поминеш животот.

Извор

Би можело да ве интересира:

Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg