„Заробена сум во несреќен брак - што да правам, дали да се разведам?“

„Мора да запомните дека повеќето врски имаат тешки периоди одвреме навреме. Тие може да бидат поттикнати од промена во животот на еден од партнерите како губење на работа, или смрт на родител. Тоа е тежок период кој доаѓа, но и си заминува. Но, константната несреќа од друга страна е многу подлабока...“

zarobena-sum-vo-nesrekjen-brak-shto-da-pravam-dali-da-se-razvedam-01.jpg

Принцезата Дијана и принцот Чарлс дефинитивно не беа во среќен брак, а серијата „The Crown“ посветена на кралското семејство меѓудругото е фокусирана на ова, а со новата сезона е навистина актуелна во британските медиуми.

Па, експерт за врски, инспириран од тоа, говори на тема „Што да правите ако сте заробени во несреќен брак?“ за британскиот магазин „Metro“.

Неговите совети:

„Најпрво мора добро да изанализирате дали минувате низ несреќен и тежок период или едноставно долго време се чувствувате заглавено и ужасно.

Мора да запомните дека повеќето врски имаат тешки периоди од време навреме. Тие обично се поттикнати од некакви промени во врската или во животот на еден од партнерите.
Ова може да биде губење на работа, ново вработување, смрт на родител или нешто сосема друго.

Тоа е тежок период кој доаѓа, но и си заминува. Константната несреќа од друга страна е многу подлабока и може да се развива во подолг временски период. До константна несреќа може да дојде и од низа нерешени проблематични настани во подолг период.

zarobena-sum-vo-nesrekjen-brak-shto-da-pravam-dali-da-se-razvedam-02.jpg

Емоциите одат од крајност во крајност и тешко е да знаете што е правилно да направите. Може да имате чувство на вина и тага и фрустрација, но и желба за среќа.
Најдобро е во главата да ги тргнете околностите од личноста со која сте и да размислите дали би сакале да бидете со таа личност ако околностите се поинакви.

Советувајте се и со стручно лице, сами или заедно со партнерот, тоа е најбрз начин до лоцирање на проблемот во врската и решавање на истиот.

Но, ако одлучите да ставите крај мора да имате на ум дека тоа е физичка разделба, но и финасиска и емоционална. Најдобро е да бидете отворени и искрени со партнерот за вашите намери и да направите заеднички план, особено ако во ова се вклучени деца.

Може да го правите процесот во фази и постепено за да можат и луѓето околу вас да се справат со болката од ситуацијата, но и за да имате време добро да размислите пред официјално да направите потег.

Можете дури да направите и пробна разделба, каде ќе живеете посебно, без да се разведете веднаш за да пробате како ќе функционирате.

Советувањето со психолог е клучно за да разберете низ што минуват и да ги видите работите од туѓа перспектива.

Од витално значење е да изберете што е најдобро за вас и партнерот и да ја минимизрате емоционалната штета врз двајцата.

zarobena-sum-vo-nesrekjen-brak-shto-da-pravam-dali-da-se-razvedam-03.jpg

Зборувајте отворено и поврзете се еден со друг за да сфатите што е најдобро за двајцата. Лоцирајте кога работите ви тргнаа на лошо и што беше тригерот, зборувајте за емоциите и за промената што ви претстои.

Кавгите не се секогаш лоша работа, тие се здрави кога се конструктивни, но константната натрупана фрустрација е лоша.
Размислете како се чувствувате вие и тогаш донесете одлука...“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Душан Благојевиќ: „Во бракот биди ти оној што останува - не затоа што е лесно, туку затоа што си вет... „Бракот е светост во која двајца несовршени влегуваат со вера дека ќе растат зае...
Татко на 4 деца од САД со искрена објава: „Бракот станува тежок - двајцата сте исцрпени и се обвинув... „Лесно е да почнете да го гледате вашиот партнер како: Оној што не сфаќа. Оној ш...
„Тато, може да ни позајмиш 5.000 евра за свадба?“ - Дали е разумно да се задолжите за забава што тра... И јас имав голема свадба. Потрошив повеќе отколку што можев да си дозволам. Имаш...

Најчитани неделава