Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


„На децата треба да им биде здодевно“ - Совети за (нови) родители од експерт за детски развој

„На децата треба да им се дозволи да почувствуваат здодевност. Тоа е дел од човечкото искуство и во ред е ако им е здодевно. Не мора да се чувствувате обврзани постојано да ги забавувате или да им наоѓате нови аткивности. Треба да имаат можност самите да смислуваат активности и идеи“, вели Дорса Амир од САД која е експерт за детски развој.

dozvolete-im-na-decata-da-im-bide-zdodevno-dozvolete-im-da-pochuvstvuvaat-i-negativni-emocii-soveti-za-novi-roditeli-od-ekspert-za-razvoj-01.jpg

Дорса Амир од САД работи како експерт за развој и се фокусира на развојот и воспитувањето на деца од различни култури.

Дорса и самата е мајка, па сфатила дека модерните родители чувствуваат огромен притисок кога станува збор за воспитувањето на нивните деца.

Со надеж дека барем малку ќе им помогне да се справат со овој притисок, таа на Твитер ги сподели нејзините совети кои се резултат од долгогодишните истражувања на оваа тема.

dozvolete-im-na-decata-da-im-bide-zdodevno-dozvolete-im-da-pochuvstvuvaat-i-negativni-emocii-soveti-za-novi-roditeli-od-ekspert-za-razvoj-05.jpg

Нејзината објава во продолжение:

„Јас сум експерт за развој кој проучува како децата растат и учат низ разни култури. Исто така, јас сум мајка од Америка која го чувствува екстремниот притисок што го чувствуваат родителите од западните земји. Овде сум да ви понудам неколку анти-совети за родители.

Прво: Не мора сè да биде „едукативно“. Сосема е во ред (всушност и добро) децата да си играат само затоа што им се игра. Не мора да ја учат азбуката или звуците што ги прават животните. Можат да си играат како што сакаат. Тие СЕКОГАШ учат!

Второ: Не треба да си создавате притисок постојано да ги учите нешто. Всушност, активните и директните инструкции од возрасна личност се најреткиот метод за учење во човечката историја. Децата знаат како да учат на други начини – како набљудување – и се навистина добри во тоа.

dozvolete-im-na-decata-da-im-bide-zdodevno-dozvolete-im-da-pochuvstvuvaat-i-negativni-emocii-soveti-za-novi-roditeli-od-ekspert-za-razvoj-06.jpg

На децата треба да им се дозволи да почувствуваат здодевност. Тоа е дел од човечкото искуство и во ред е ако им е здодевно. Не мора да се чувствувате обврзани постојано да ги забавувате или да им наоѓате нови активности. Треба да имаат можност самите да смислуваат активности и идеи.

Поврзано со ова, на децата треба да им се дозволи да искусат социјален конфликт. Можат да не се согласуваат или да се расправаат со нивните врсници – тоа е сосема во ред и всушност одличен начин да вежбаат. Дозволете им да ги решаваат проблемите ако можат, не мора секогаш да се вклучувате и вие.

Негативните емоции не се лоши и добро е децата да ги искусуваат и да научат како да се справуваат со нив. Детството кое е целосно безгрижно и во кое нема никакви емоционални предизвици НЕ е целта. Добро е да се искусат сите страни на животот.

dozvolete-im-na-decata-da-im-bide-zdodevno-dozvolete-im-da-pochuvstvuvaat-i-negativni-emocii-soveti-za-novi-roditeli-od-ekspert-za-razvoj-04.jpg

Нема потреба да бидете смешниот пријател на вашето дете. Можете да бидете само неговиот здодевен родител доколку сакате. Ова што го правиме на западот - се преправаме дека сме деца за да си играме со нашите деца - искрено, многу e необично и не треба да се чувствувате обврзани да го правите.

Вашиот живот и вашиот распоред не треба да бидат 100% според преференциите на вашето дете. Секој член од семејството треба да си има свои преференции и сите треба да бидат земени предвид. На вашето дете речиси сигурно ќе му биде добро ако ви прави друштво во активност за возрасни, како пазарење.

Нема потреба да му купите 600 играчки на детето. Не треба да се чувствувате виновно ако му ги купите, но и ако не му ги купите. Децата можат да си играат буквално со што било. Тие покажуват особен интерес за предмети за возрасни и, всушност, и тие се одлични за играње.

dozvolete-im-na-decata-da-im-bide-zdodevno-dozvolete-im-da-pochuvstvuvaat-i-negativni-emocii-soveti-za-novi-roditeli-od-ekspert-za-razvoj-03.jpg

Знаете што сакаат да прават сите деца? Да ги имитираат возрасните. На овој начин учат. Дајте им вистински обврски низ домот. Ова е најдобро за сите – вие добивате помош, а тие имаат можност да помогнат. Не мора да купувате метла играчка, дајте им вистинска метла.

Постојат милиони различни начини да се биде човек, и сите се валидни.

Вашето дете јаде иста храна за вечера како вас? Секако, тоа има смисла. Вашето дете добива посебен оброк? Одлично, и тоа е во ред. Дали има 600 играчки? Тоа е одлично. Дали најчесто си игра со кујнски садови? Одлично!

dozvolete-im-na-decata-da-im-bide-zdodevno-dozvolete-im-da-pochuvstvuvaat-i-negativni-emocii-soveti-za-novi-roditeli-od-ekspert-za-razvoj-02.jpg

Сè е во ред луѓе! Навистина!

Ве молам дајте си трпение, особено ако сте нов родител. Дури и со докторат и повеќе од една деценија истражувања на оваа тема, и јас уште имам проблеми да се справам со притисокот. Многу е.

Па, се надевам дека ова ви помогна барем малку“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 митови за малите деца на кои родителите треба да заборават Навистина постојат безброј митови кога станува збор за грижата за деца, но и за ...
Во скопска населба налетав на мајка што избрка дете од лулашки, бидејќи нејзиното проодувало – стоп ... Сигурно секој од нас барем еднаш во животот се соочил со некоја Алфа мајка во на...
Зошто треба да им облекувате костим за капење на децата на плажа, наместо да ги оставате голи? „Јас лично се ежам од голотија на јавните плажи. Своите деца од мали нозе ги уча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg