Бајковитата свадбена фотосесија на Александар од „Либеро бенд“ и Марија во Италија: „Локалците го застануваа сообраќајот за нас“
Но, во истиот момент кога ќе стигневме на локацијата – сонце! Како некој да го нарачал специјално за нас. Не можеме да си го објасниме тој момент.
Токму таа непредвидливост ни направи да изгледа како универзумот да ни го местеше секој кадар.
Комо беше како од соништата.

А црвениот автомобил? Тоа беше сон на Александар уште одамна – да вози баш такво ретро спортско ремек-дело низ улиците на Италија.
Го изнајмивме од една гаража и се возевме од таму до локацијата за сликање, а фотографиите со автомобилот во движење ги направија нашите пријатели од другиот автомобил – кои возеа и пред нас и зад нас, како вистинска филмска екипа.

Вила Песина е вистинска бајка, уште од првиот момент кога ќе ја здогледаш – со тераси што гледаат кон езерото Комо, величествени столбови, зеленило од сите страни и оној неповторлив италијански шарм.
Таму направивме и некои од нашите најемотивни фотографии. Баш таа локација ни беше еден од најголемите хајлајти и на фотосесијата, и дефинитивно нешто што би го повториле – дури и без повод.

Како што веќе откривме преку видеото, нашата свадба ќе се одржи на 8 септември.
Сакаме да го прославиме овој најважен ден со луѓето кои ни значат – пријатели, соработници, роднини... иако искрено, ни беше тешко да ги ограничиме поканите, бидејќи околу нас има многу посебни луѓе.

Организацијата на свадбата нема да биде класична – почнуваме со коктел прием со жива музика, па продолжуваме со интересен распоред на масите, нестандардна невестинска маса и секако тортата – која нема да ја оставиме без мал wow момент.

Венчаницата ќе биде од брендот Wona Concept, украински моден дом кој совршено ги спојува елеганцијата со современиот стил.
А за музиката... ќе има многу што да се доживее! Ќе има бендови, музичари и изненадувања – затоа сме сигурни дека секој наш гостин ќе биде дел од една вистинска, живописна, весела и незаборавна вечер“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
