Спој на уникатност и гламур: Најдобрите 12 венчаници на Вера Ванг

Таа е една од омилените дизајнерки на повеќето девојки. Посебно на оние кои сонуваат за најубавата венчаница, никогаш не остануваат рамнодушни пред дизајнот на Вера Ванг.

spoj-na-unikatnost-i-glamur-najdobrite-12-vencanici-na-vera-vang-01

Таа има направено креации за едни од најмоќните жени во светот и на модата, но и на музиката, спортот и политиката.

Ќерката на Бил Клинтон, Челси, ќерката на Доналд Трамп, Иванка, моделката Лили Oлдриџ, Мараја Кери, но и Викторија Бекам ги носеле нејзините креации.

Во рок стил беа дизајнирани и венчаниците за Аврил Лавињ, Хилари Даф и Алиша Кис.

Но, она што остави силен печат во нејзината кариера е црната венчаница за Шанеј Грајмс од колекцијата есен 2012 која даде сосема ново значење на венчаниците.

Погледнете ги највпечатливите 12 венчаници на Вера Ванг:

Би можело да ве интересира:

Катерина пред свадбата ја облече венчаницата од баба ѝ, стара 57 години: „Горда сум на корените, ме ... „Моја желба беше земањето невеста да биде од дома - таму каде што се моите први ...
Магично: Сара од Скопје се омажи за Италијанец во венчаницата од мајка ѝ, стара 32 години „Ми се исполни една од желбите - на мојата свадба да го носам фустанот на мајка ...
Жена отишла на свадбата на син ѝ во венчаница – снаата ја објави јавно за да ја посрамоти „По свадбата ни рече дека не направила ништо погрешно. Но, се чувствував засраме...

Најчитани неделава