70 работи кои е во ред да ги направите на денот на свадбата, сè додека стоите до личноста која ја сакате

Кога планирате и подготвувате свадба, луѓето едноставно обожаваат да ви кажат што треба да правите, што е „правилно“, а што не. Секако, ова знае да биде извор на многу нервози, посебно на невестите.

70-raboti-koi-se-sosema-vo-red-da-gi-napravite-na-vashata-svadba-01.jpg

Неколку работи кои се сосема во ред да ги направите на вашата свадба, сè додека стоите до личноста која ја сакате:

1. Да се верите без да направите веридба.

2. Да се верите без прстен.

3. Да имате голема веридба.

4. Огромен прстен.

5. Или прстен без дијамант.

6. Жената да го запроси мажот.

70-raboti-koi-se-sosema-vo-red-da-gi-napravite-na-vashata-svadba-1.jpg

7. И да му даде веренички прстен.

8. Да објавите фотографија од прстенот на Фејсбук и на Инстаграм.

9. Или воопшто да не објавите никаква фотографија.

10. Да не одберете „свадбени бои“.

11. Да ги одложите планирањето на свадбата затоа што сакате да уживате во веридбата.

12. Да имате мала листа на гости.

13. Да се одлучите за свадба на далечна дестинација.

14. Да се венчате на некој празник.

15. Да се венчате на оној ден на кој сакате, без разлика дали е викенд или преку работна недела.

16. Да имате денска свадба, наместо вечерна.

17. Да се држите до парите кои ги имате заштедено, а не потоа со ноќи да не можете да спиете од кредитите за кои сте се задолжиле.

18. Да прифатите пари од семејствата, ако имаат да ви дадат.

19. Да се држите настрана од токсични луѓе, дури и ако станува збор за членови од семејството.

70-raboti-koi-se-sosema-vo-red-da-gi-napravite-na-vashata-svadba-3.jpg

20. Да го поканите целото семејство, па и пријателите од детството.

21. Да не се чувствувате виновни ако не сте поканиле некој само затоа што тој ве поканил на свадбата.

22. Да имате деверуши.

23. Или моминска вечер со боење на косата и тетовирање.

24. Или воопшто да немате моминска вечер.

25. Да имате тематска свадба.

26. Сами да си направите цветни аранжмани.

27. Да употребите вештачки цвеќиња.

28. Или воопшто да немате цвеќиња.

29. Да носите венчален фустан во боја која вие ја сакате.

70-raboti-koi-se-sosema-vo-red-da-gi-napravite-na-vashata-svadba-4.jpg

30. На пример, црна.

31. Или да носите краток фустан.

32. Да се венчате во панталони.

33. Со кратка коса.

34. Да одбивате да се ставите на диета пред моментот да го облечете фустанот.

35. Да имате нетрадиционална моминска вечер.

36. Или всушност да се држите до традиционалните работи.

37. Да си кажете што подароци преферирате.

38. Или да ја препуштите одлуката на гостите.

39. Да одите на меден месец.

40. Или да правите нешто сосема друго со парите.

41. Или воопшто да не одите на меден месец.

42. Да се венчате на друго место освен црква.

70-raboti-koi-se-sosema-vo-red-da-gi-napravite-na-vashata-svadba-5.jpg

43. Од страна на нерелигиозно лице.

44. Да поканите деца.

45. Или да не каните деца.

47. Да зачекорите на олтарот во вашата омилена песна.

48. Да имате некој друг освен татко ви кој ќе ве остави пред идниот сопруг.

49. Вашата баба да ви биде деверуша или ќерката да ги носи прстените.

50. Да размените нешто друго, а не бурми.

51. Или воопшто да го немате тој дел на свадбата.

52. Да држите говор по вашите омилени книги.

70-raboti-koi-se-sosema-vo-red-da-gi-napravite-na-vashata-svadba6.jpg

53. Да имате вегетаријанско мени.

54. Да имате свадба без алкохол (иако би било добро навремено да ги информирате гостите).

55. Да имате поинаков десерт, не торта.

56. Да ги послужите гостите само со торта и шампањ, а не и вечера.

57. Сами да си направите свадбена торта.

58. Да ги послужите гостите со скара.

59. На хартиени чинии.

60. Да направите нешто друго освен традиционалниот прв танц.

61. Да не го фрлате букетот.

62. Да не ви е грижа што тетоважите ви се гледаат.

70-raboti-koi-se-sosema-vo-red-da-gi-napravite-na-vashata-svadba-7.jpg

63. Запомнете, дека на луѓето треба да им се допадне вашата свадба.

64. Поставете граници на најблиските, ако инсистираат дека треба да направите нешто на вашата свадба.

65. Поставете граници на најблиските кои инсистираат на секој можен начин да бидат вклучени во планирањето на вашата свадба.

66. Едноставно, поставете граници, однапред. Тоа е најтешкиот дел, но ќе ве поштеди од многу нервози и стрес.

67. Можете да стапите во брак само во матично.

68. Венчајте се сосема сами.

70-raboti-koi-se-sosema-vo-red-da-gi-napravite-na-vashata-svadba-8.jpg

69. Или само со сведоци.

70. Едноставно е, правете што сакате, како сакате и кога сакате, без грижа дека некој ќе превртува со очите на вашите избори.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите свадби во 2023 година објавени на CRNOBELO Од романтичната венчавка на Драгица од Скопје и Марк од Бејрут во Либан, преку с...
Идеи за венчаници за невестите со облини кои се тренд оваа пролет Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични...
Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Девојка ја прекроила венчаницата која на свадба ја носеле мајка ѝ и баба ѝ - ја расплака баба си (ви... Баба ѝ и мајка ѝ го носеле овој фустан на нивната свадба, а Британи сега го носи...
35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg