Венчаницата која секоја жена сака да ја носи на денот на свадбата (фото)

Секоја девојка има своја венчаница од соништата, во која би сакала да го каже најважното „ДА“ во животот, но сепак постои еден модел на венчаница кој целата женска популација го посакува.

Ova-e-vencanicata-koja-sekoja-devojka-bi-sakala-da-ja-ima-na-sebe-01

„Pinterest“ го даде одговорот за тоа како изгледа најпосакуваната венчаница на светот. Односно, венчаницата која има најмногу споделувања на интернет е венчаницата по име „Hollie“, модел на австралискиот бренд „Grace Loves Lace“.

Бидејќи првичната верзија на овој модел се распродала за навистина рекордно време, моднит бренд создал нов модел кој е навистина сличен и го носи името „Hollie 2.0 “.

Единственото нешто по кое се разликува „Hollie 2.0 “ се тенките прерамки, а истиот е достапен во бела и боја на слонова коска.

Нежноста на венчаницата е дополнително нагласена со свилениот шафон прицврстен на рамената и отворот на предната страна под кој се наоѓа свила.

Цената на најпосакуваната венчаница изнесува 1.650 евра и истата може да се нарача онлајн.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Катерина пред свадбата ја облече венчаницата од баба ѝ, стара 57 години: „Горда сум на корените, ме ... „Моја желба беше земањето невеста да биде од дома - таму каде што се моите први ...
Магично: Сара од Скопје се омажи за Италијанец во венчаницата од мајка ѝ, стара 32 години „Ми се исполни една од желбите - на мојата свадба да го носам фустанот на мајка ...
Жена отишла на свадбата на син ѝ во венчаница – снаата ја објави јавно за да ја посрамоти „По свадбата ни рече дека не направила ништо погрешно. Но, се чувствував засраме...

Најчитани неделава