Kреативни идеи за позадина на венчавката

Позадинските „ѕидови“ на венчавките стануваат сè поголем тренд, а нивната мултифункционалност е таа која освојува на прв поглед.

7-kreativni-idei-za-pozadina-na-venchavkata-1.jpg

Може да послужат како позадина за свадбените фотографии или место на кое ќе го изговорите судбоносното „да“ пред матичарот. Понатаму, може бидат сместени зад масата на младоженците, или, пак, сè од наведеното.

Досега, нивната улога најчесто ја имаа украсните столбови и лакови, но позадинските ѕидови стануваат се попопуларни, но и поспектакуларни, што ни покажа и Ким Кардашијан со свој пример на венчавката.

Ви претставуваме седум креативни и оригинални предлози, кои можат да ви послужат како инспирација и за вашата свадба од соништата:

1. Боемска елеганција

Црните прозорски рамки и живописните бои на цвеќињата, како тандем, си ласкаат на извонредно елегантен начин, па се вистински избор за љубител(к)ите на класика зачинета со бохо вибрации.

7-kreativni-idei-za-pozadina-na-venchavkata-2_copy.jpg

2. Омилениот цитат

Веќе некое време, паровите користат цитати што автентично ја опишуваат нивната љубов и приврзаност, па зошто не би искомбинирале токму таква идеја со дополнителни украси од цвеќе на денот на венчавката?

7-kreativni-idei-za-pozadina-na-venchavkata-3_copy_copy_copy_copy_copy_copy.jpg

3. Розова варијанта со цвеќе

Нежно розовата нијанса е една од најромантичните бои, а изгледа беспрекорно кога е збогатена со спојот на рози и зелени билки.

7-kreativni-idei-za-pozadina-na-venchavkata-4.jpg

4. Минимализам пред сè

Едноставноста на белиот ѕид, суптилно надополнета со префинето зеленило, ќе го стави фокусот на свадбената маса, претворајќи ја во најважен детаљ на венчавката.

7-kreativni-idei-za-pozadina-na-venchavkata-5.jpg

5. Опуштање во градина

За љубителите на лежерноста и релаксацијата со необичен акцент, ова е идеалната опција. Едноставниот ѕид е украсен  со впечатливо цвеќе, а со неколку маси, свеќници и фенери, би се креирал идиличен амбиент за свадба на отворено.

7-kreativni-idei-za-pozadina-na-venchavkata-6.jpg

 6. Инспирирани од природата

Уште една опција за свадба на отворено, која бара само малку труд. Искористете ги гранките како закачалки на кои ќе ставите неколку метри лелеав материјал, што ќе добие улога на елегантна завеса и ефектна позадина за самата церемонија или едноставно-локација за фотографирање.

7-kreativni-idei-za-pozadina-na-venchavkata-7.jpg

7. Јапонски оригами за вештите

Доколку имате вешти раце, употребете го својот талент за изработка на завеси од оригами птици. Покрај тоа што самиот процес на изработка ќе ве опушти и оттргне мислите од стресните ситуации, ќе добиете необична и уникатна позадина за вашата венчавка.

7-kreativni-idei-za-pozadina-na-venchavkata-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Магичната бохо свадба во природа во Струмица на Марија и Мартин, кои учеле во исто одделение во осно... Под отворено небо, со дрвени бохо конструкции, рачно изработени макраме детали, ...
Катерина пред свадбата ја облече венчаницата од баба ѝ, стара 57 години: „Горда сум на корените, ме ... „Моја желба беше земањето невеста да биде од дома - таму каде што се моите први ...
Девет работи што никако не треба да ги правите на свадба, според бонтон експерт Немојте да доцните, никако немојте да носите бела облека и немојте да пиете мног...
Антонио од Негорци на хит начин се збогуваше со мотоциклот на денот на својата свадба (фото) Антонио Камберов (25) на својата свадба со саканата Кика на шеговит начин се збо...
Жена отишла на свадбата на син ѝ во венчаница – снаата ја објави јавно за да ја посрамоти „По свадбата ни рече дека не направила ништо погрешно. Но, се чувствував засраме...
Двете свадбени прослави на Иво и Настасја од Скопје - сицилијанска бајка во Сули Ан, па во ресторан ... „Сули Ан го претворивме во сицилијанска бајка: маси со златни детали, свежи цвеќ...

Најчитани неделава