5 причини да организирате мала свадба

Планирањето на свадба само по себе е стресен настан. Треба да мислите на милион работи, а сето тоа бара многу време и енергија.

5-prichini-da-organizirate-mala-svadba-001.jpg

Кај нас, на свадбените веселби им се придава огромна важност, па често се заборава дека тој чин е всушност прослава на љубовта и заедничкиот живот на двајцата партнери, а не веселба со јадење, пиење и играње за огромен број луѓе, од кои дел познавате, а дел не сте ги виделе со години.

Постојат неколку разумни причини да организирате мала свадбена веселба:

Многу полесно се планира

Планирање на толку голем настан, со огромен број на гости, менија за јадење и пиење за сите, праќање покани и сето она што треба да се направи бара многу време и енергија и предизвикува дополнителен стрес.

Различно е да барате начин да сместите 300 луѓе внатре ако заврне и 70 луѓе.

Ќе можете да се фокусирате на деталите

Кога планирате настан за повеќе луѓе, немате многу време да се фокусирате на секој детаљ. Ако се одлучите за мала свадба, ќе можете да размислувате за некои интересни детали, како на пример рачно напишани покани, некој мал подарок со кој ќе им искажете благодарност на гостите за присуството и слично.

Ќе имате изговор за оние кои не сте ги поканиле

На големите свадби се покануваат блиски, но и не толку блиски роднини, пријатели и познаници, што поради притисок од родителите на партнерите, што поради тоа што тие ве викнале, па сега морате и вие.

Ако се одлучите за мала свадба, ќе можете да објасните дека сте сакале гости само од потесниот круг и ретко кој ќе ви замери.

5-prichini-da-organizirate-mala-svadba-02.jpg

Подобро ќе ја памтите веселбата

Многу парови велат дека веселбата им поминува многу брзо и потоа не се ни сеќаваат на многу работи што се случиле. Кај малите свадби, ќе можете вистински да уживате во секој момент со вашите гости, без дополнителен стрес дали е сé како што треба, дали се сите сместени, дали има порции за сите и слично.

Ќе можете да си прославите на ваш начин

Традиционалните свадби не се за секого. Има многу парови на кои не им се допаѓа тој начин на прослава. Кај големите свадби треба да бидат задоволени вкусовите на повеќето гости, додека кај свадбите со одбрани луѓе со кои имате слични интереси, ќе можете да си организирате прослава на ваш начин – со диџеј наместо бенд, со вашата омилена храна и пијалаци, со интересни и нетипични свадбени декорации и слично.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Магичната бохо свадба во природа во Струмица на Марија и Мартин, кои учеле во исто одделение во осно... Под отворено небо, со дрвени бохо конструкции, рачно изработени макраме детали, ...
Катерина пред свадбата ја облече венчаницата од баба ѝ, стара 57 години: „Горда сум на корените, ме ... „Моја желба беше земањето невеста да биде од дома - таму каде што се моите први ...
Девет работи што никако не треба да ги правите на свадба, според бонтон експерт Немојте да доцните, никако немојте да носите бела облека и немојте да пиете мног...
Двете свадбени прослави на Иво и Настасја од Скопје - сицилијанска бајка во Сули Ан, па во ресторан ... „Сули Ан го претворивме во сицилијанска бајка: маси со златни детали, свежи цвеќ...
Антонио од Негорци на хит начин се збогуваше со мотоциклот на денот на својата свадба (фото) Антонио Камберов (25) на својата свадба со саканата Кика на шеговит начин се збо...
Жена отишла на свадбата на син ѝ во венчаница – снаата ја објави јавно за да ја посрамоти „По свадбата ни рече дека не направила ништо погрешно. Но, се чувствував засраме...

Најчитани неделава