Македонски свадбени суеверија - деверот не смее да е скржав, младоженецот кој ќе стапне во локва ќе биде пијаница

Нашата традиција е богата со многу верувања и обичаи кои денес се во изумирање, но во минатото и те како се практикувале.

Makedonski-svadbeni-sueverija-01.jpg

Дел од нив можеби ни звучат смешно, но во секој случај мора да признаеме дека се многу интересни и се дел од нашето културолошко обележје како нација.

Колку од македонските свадбени обичаи и суеверија ви се познати? Дали сте ги практикувале или имате намера да ги практикувате на вашата свадба во иднина?

Дополнете ја листата доколку знаете уште некое интересно македонско суеверие поврзано со свадбениот ден:

1. Невестата на свадбата не треба да носи бисери, бидејќи тие симболизираат солзи.

2. Кога сватовите одат по невестата доколку сретнат слепо лице, свештеник или бремена жена, тоа е предзнак за несреќен брак.

3. Откако ќе се направи веридба, невестата не треба да носи никаква црна облека, бидејќи таа е симбол на жалост наместо среќа.

4. Младоженецот не смее да го види фустанот на невестата пред денот на свадбата, ниту пак идната невеста во нејзината венчаница.

5. Невестата треба да го премине прагот со десната нога. Воедно доколку се сврти назад да ја види родителската куќа од која излегува, тоа е лош знак и се смета дека повторно ќе се врати во неа.

6. Никој не смее да им го пресече патот на момчето и невестата на патот до црквата.

7. Се смета дека е лоша несреќа да се сретнат две невести, во матично или пак во црква. Доколку се случи ова, треба двете да си дадат нешто една на друга.

8. Бонбоните кои ги фрла кумата во црквата треба да бидат во непарен број.

9. Деверот не смее да штеди кога се „купува“ невестата од дома. Се смета дека колку повеќе пари ќе даде за неа, толку посреќен ќе биде бракот.

10. Невестинскиот фустан не треба да се пере во првата година од склопувањето на бракот.

11. Велот кој го носи невестата сепак има некоја специфична симболика–тој ја штити неа и бракот од злите духови.

12. При доаѓањето на младоженецот кој треба да ја земе невестата, се верува дека доколку таа го види низ прстен ќе бидат среќни цел живот.

13. Бракови не се склопуваат во престапна година.

14. Бурмите треба да бидат мазни, без никакви додатоци или украси. Не треба да пробувате туѓи венчални прстени од други луѓе пред вашата свадба, затоа што се верува дека на тој начин ќе ви се пренесе нивната (не)среќа. По свадбата пак не треба да носите други прстени во комбинација со бурмата и вереничкиот прстен.

15. Доколку младоженецот на денот на венчавката стапне во локва – ќе биде пијаница. Доколку пак фустанот на невестата на денот на свадбата е растегнат или се скине, се очекува дека ќе има лоша свекрва.

16. Доколку врне на денот на свадбата ова симболизира среќа и благосостојба во животот на младенците.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Катерина пред свадбата ја облече венчаницата од баба ѝ, стара 57 години: „Горда сум на корените, ме ... „Моја желба беше земањето невеста да биде од дома - таму каде што се моите први ...
Жена отишла на свадбата на син ѝ во венчаница – снаата ја објави јавно за да ја посрамоти „По свадбата ни рече дека не направила ништо погрешно. Но, се чувствував засраме...
Двете свадбени прослави на Иво и Настасја од Скопје - сицилијанска бајка во Сули Ан, па во ресторан ... „Сули Ан го претворивме во сицилијанска бајка: маси со златни детали, свежи цвеќ...
Девет работи што никако не треба да ги правите на свадба, според бонтон експерт Немојте да доцните, никако немојте да носите бела облека и немојте да пиете мног...
Антонио од Негорци на хит начин се збогуваше со мотоциклот на денот на својата свадба (фото) Антонио Камберов (25) на својата свадба со саканата Кика на шеговит начин се збо...

Најчитани неделава