Необичен тренд – Невести носат фустани кои не личат на венчаници (фото)

Трендовите за венчавки се менуваат од сезона во сезона, но белата венчаница е секогаш овде. Но, изгледа дека ова не е точно. Знаевте ли дека белата венчаница е всушност нов феномен?

neobichen-trend-venchanici-shto-ne-izgledaat-kako-venchanici-01.jpg

Наводно, трендот се појавил кога кралицата Викторија носела бел фустан на нејзината венчавка во 1840-та година. Пред тоа луѓето едноставно ја носеле најубавата облека што ја поседуваат, па дури и ако е црна. Покрај тоа, во многу култури белата венчаница никогаш не била дел од традицијата.

На пример, во Кина и Индија невестите носат црвена или некоја друга боја што симболизира среќа, радост и просперитет. Во многу африкански држави, пак, невестите носат дезени и бои што го претставуваат нивното потекло.

Изгледа дека сега и модерните невести го прифаќаат ова, па сè повеќе невести одбираат венчаници што не изгледаат како венчаници. Односно, тие носат фустан што им се допаѓаат, без разлика дали се дизајнирани како венчаница или не.

Зад овој избор се кријат многу причини. На некои девојки едноставно не им се допаѓаат класичните венчаници, други не сакаат „бела“ венчавка, а некои пак имаат фустан што им се допаѓа повеќе од која било венчаница.

Доколку и вие размислувате за нешто вакво за вашата венчавка, фотографиите во продолжение нека ви бидат инспирација.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Катерина пред свадбата ја облече венчаницата од баба ѝ, стара 57 години: „Горда сум на корените, ме ... „Моја желба беше земањето невеста да биде од дома - таму каде што се моите први ...
Магично: Сара од Скопје се омажи за Италијанец во венчаницата од мајка ѝ, стара 32 години „Ми се исполни една од желбите - на мојата свадба да го носам фустанот на мајка ...
Жена отишла на свадбата на син ѝ во венчаница – снаата ја објави јавно за да ја посрамоти „По свадбата ни рече дека не направила ништо погрешно. Но, се чувствував засраме...

Најчитани неделава