„Сакаше да ѝ платиме за свадбата и медениот месец“ – Деверуши ги споделуваат најлудите барања на невестите

За некои девојки и жени, свадбата е еден од најважните денови во нивните животи, па сакаат сè да биде совршено. Ова е сосема нормално, но факт е дека некои невести претеруваат со нивните барања.

sakashe-da-platime-za-svadbata-i-medeniot-mesec-deverushi-gi-spodeluvaat-najludite-baranja-na-nevestite-01.jpg

Бидејќи деверушите се оние кои најмногу ѝ помагаат на невестата во подготовките за свадбата, нормално е нереалните и лудите барања да бидат насочени кон нив. За некои барања можеби деверушите можат да покажат разбирање, но многу често, овие желби немаат никаква логика.

За BuzzFeed, неколку деверуши решиле да ги споделат најлудите барања што ги слушнале досега:

„Сестра ми ме тераше да се потстрижам многу кратко (тогаш косата ми беше долга до половината). Потоа се закануваше дека нема да ми дозволи да одам на нејзината свадба ако не ѝ дадам 500 долари за моминската вечер. Тогаш бев студент и едвај имав пари за кирија. Нормално, не присуствував на венчавката“.

„Невестата ме натера да го скратам годишниот одмор со сопругот и двете мали деца бидејќи морало да одам на нејзината моминска вечер. Мојата ’незаинтересираност‘ го уништи нашето пријателство кое траеше осум години“.

sakashe-da-platime-za-svadbata-i-medeniot-mesec-deverushi-gi-spodeluvaat-najludite-baranja-na-nevestite-03.jpg

„Невестата очекуваше ние деверушите да ѝ ја платиме моминската забава која траеше цел викенд и да платиме за посебен апартман за неа и вереникот. Таа сакаше да ѝ платиме и за медениот месец, но и да покриеме дел од трошоците за свадбата. Не прифатив ништо од тоа“.

„Една невеста, околу три недели пред свадбата, ми напиша мејл со кој ми побара заем од 5.000 долари! Секако дека не ѝ дадов“.

„Невестата ме натера да не ги носам моите очила на свадбата. Имам многу лош вид, а контактните леќи ми ги иритираат очите. Па, цел ден се сопнував и се удирав, бидејќи едвај гледав“.

sakashe-da-platime-za-svadbata-i-medeniot-mesec-deverushi-gi-spodeluvaat-najludite-baranja-na-nevestite-05.jpg

„Невестата ме натера да си ги покријам тетоважите. Ми го рече ова откако ја возев пет часа за да ја види локацијата, а потоа ѝ платив 1.500 долари за хотелска соба, фризура… Кога требаше да се враќам назад, не ми рече ни чао“.

„Ноќта пред свадбата невестата нè натера да ги однесеме облеката, накитот и чевлите што ќе ги носиме во нејзината соба за да можела да ги провери. Ни постави правило сите да носиме штикли и ја послушав, без разлика што јас сум висока 170 сантиметри. Купив модел со пониска штикла, но на крај ми рече дека не ѝ се допаѓала бојата, па во последен момент морав да барам нови чевли. На свадбата, пак, се жалеше бидејќи сум била многу висока со штикли“.

sakashe-da-platime-za-svadbata-i-medeniot-mesec-deverushi-gi-spodeluvaat-najludite-baranja-na-nevestite-02.jpg

„Кога невестата ме замоли да бидам деверуша, бев сингл. Но додека да дојде денот за свадбата, почнав врска и се верив. Таа не сакаше да го покани мојот вереник на свадбата бидејќи сакала сите деверуши да бидат сингл“.

„Ме натера да си ја офарбам косата руса. Сите од нејзиното семејство имаат руса коса и сини очи, а таа не сакала некој да помисли дека на свадбата има гости кои не ѝ се семејство. Кога ја одбив, ми рече да си купам перика“.

sakashe-da-platime-za-svadbata-i-medeniot-mesec-deverushi-gi-spodeluvaat-najludite-baranja-na-nevestite-04.jpg

„Пријателката од детството ми рече дека може да ѝ бидам деверуша, но со неколку улови – да си ја офарбам косата кафеава, да одам во солариум и да си купам контактни леќи во боја. Наводно, мојата црвена коса ќе привлекувала внимание, белиот тен немало да одговара со розовиот фустан на деверушите, а сакала само таа да има сини очи на свадбата. Се скаравме и ја блокирав“.

„Пријателка ме замоли да ѝ бидам деверуша, но учтиво ја одбив бидејќи сакаше ние трите деверуши да платиме за моминската вечер во скап хотел, но и да ѝ дадеме пари за венчаница“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе н...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg