„Ослабете 9 килограми, не смеете да забремените“ – Лудите барања на невеста за девериците вирално се шират

Девериците мораат да платат за нејзината „моминска недела“ во Мексико, како и за шминка и фризура, не смеат да забременат до свадбата, а оние кои имаат подолга коса од нејзината мораат да ја скратат.

oslabete-9-kilogrami-ne-smeete-da-zabremenite-nevesta-stana-hit-so-bizarnite-baranja-za-deverushite-01.jpg

Венчавката е посебен ден за секоја девојка, но факт е дека некои невести претеруваат, особено со барањата за нивните деверици.

Неодамна, анонимна девојка на Редит откри дека си фатила работа со токму ваква невеста која очигледно малку се занела со барањата за девериците.

Девојката вели дека невестата е всушност сестра на нејзината најдобра пријателка и иако не се блиски, решила да прифати да биде деверица поради пријателката. Но, кога ги прочитала барањата и правилата, веднаш кренала раце.

Анонимната девојка вели дека ја познавала сестрата на нејзината најдобра пријателка (која во текстот ја нарекува Л) уште од детството, но дека никогаш не биле блиски, најмногу поради 7-годишната возрасна разлика. Таа нагласува и дека Л отсекогаш била злобна кон неа и често ја критикувала.

Токму поради ова, девојката била особено изненадена кога Л ѝ понудила да биде деверица.

„Никогаш не сум била дел од организацијата на венчавка и не знаев што очекува од мене. Л живее во Тексас (јас сум во Њујорк) и кога ми рече да ѝ бидам деверица, ѝ реков ’Би сакала, но веројатно нема да бидам од голема помош или да присуствувам на многу настани пред венчавката‘“.

oslabete-9-kilogrami-ne-smeete-da-zabremenite-nevesta-stana-hit-so-bizarnite-baranja-za-deverushite-02.JPG

Наводно, Л ѝ рекла дека ѝ треба уште една деверица бидејќи нејзиниот вереник ќе има 7 девери, па би сакала да има и 7 деверици на свадбата.

„Ми рече и ’Убава си, но не доволно за некој да гледа во тебе‘. Неучтиво, но не ме изненади да го слушнам тоа од неа“.

Девојката споделува дека свадбата е во мај следната година, како и листата на правила што ја добила од невестата.

Во продолжение погледнете ја целата листа:

1. Нема тетоважи. Сите тетоважи мораат да бидат покриени. Без исклучоци.

2. Ноктите мораат да ви бидат кратки и лакирани со лак Essie Ballet Slipper Pink. Ќе знам ако не е тој лак.

3. Нема очила. Ако носите очила, мора да набавите контактни леќи или ќе треба да ја поминете свадбата без очила. 

4. Нема сончање или лажен тен. Јас треба да бидам единствената божица со тен на мојот голем ден.

5. Нема долга коса. Ако имате долга коса, морате да ја потстрижете пократко од мојата. Очекувам сите да ја носат косата пуштена за свадбата. Ако вашата коса изгледа како мојата, очекувам да ја офарбате со друга нијанса за свадбата. Испратете ми фотографии пред потстрижување/фарбање.

6. Сите треба самите да си го купат фустанот. Ова е фустанот што треба да го купите. Не е скап, па немојте да велите дека сум луда бидејќи треба самите да платите за него. Исто така, МОРАТЕ да носите градник, без прерамки. Не сакам да гледам брадавици.

7. Очекувам сите да ослабат и навистина да изгледаат добро на мојот ден. За некои од вас тоа значи да ослабете 9-10 килограми. Ова не е злобно, туку реалност.

oslabete-9-kilogrami-ne-smeete-da-zabremenite-nevesta-stana-hit-so-bizarnite-baranja-za-deverushite-4+.JPG

8. НЕМОЈТЕ ДА ЗАБРЕМЕНИТЕ. АКО СТЕ БРЕМЕНИ ПОКАНАТА НЕМА ДА ВАЖИ. Ова е најголемо предавство. Треба сите да се фокусираат на мене, а сите знаеме дека бремените луѓе го крадат целото внимание.

9. Ако сакате да се верите, мора да чекате ПО свадбата. Сите знаеме дека и свршувачките го крадат вниманието!

10. Задолжителни настани на кои морате да присуствувате: моминска недела, моминска вечера, пробна вечера, проба за шминка/фризура, купување венчаница и бранч. Вие ќе платите за моминската недела, пробата за шминка и фризура, како и шминката и фризурата за свадбата.

11. Очекувам сите да купат костими за капење и бањарки со натпис Bride Squad.

12. Моминската недела ќе биде во март 2022. Почнете да штедите сега, ќе одиме во Мексико! Ако немате пасош, снајдете се што побрзо. Која е поентата од девериците ако не ми ја држат косата кога ќе повраќам во Мексико?

13. Ако имате проблеми со што било на мојата листа, чувајте го за себе или откажете се сега. Можам да ве заменам без проблем, па не грижете се, нема да се налутам. Само не очекувајте покана на мојата свадба! Ако не можете да бидете со мене за сето ова, не треба да бидете присутни на мојот посебен ден!

На крај, девојката вели дека ѝ напишала порака на Л: 

„Испратив порака во која ѝ кажав дека нема да можам да бидам деверица бидејќи нема да можам да стигнам на сите настани. Ме остави на seen“.

oslabete-9-kilogrami-ne-smeete-da-zabremenite-nevesta-stana-hit-so-bizarnite-baranja-za-deverushite-03.JPG

Во поголемиот дел од коментарите, форумџиите се вчудовидени од барањата на невестата, а многумина и се шегуваат:

„Појави се на свадбата. Порасни ја косата, исончај се и потоа одвлечи им го вниманието на сите со твоите брадавици!“

„Моминска недела… Не можам ни да замислам да сум заробен цела недела со оваа ’прекрасна‘ невеста“.

„Како некоја ваква жена воопшто има пријатели?“

„Јас би си ставила лажно трудничко стомаче и ќе се преправам дека почнувам да се породувам среде церемонијата“.

Дали можеби вие имате искуство со некоја ваква невеста?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе н...
Немало луксуз и веселби со 500 гости - Како изгледале свадбите во Југославија? Свадбите во Југославија биле скромни, во кругот на семејството, без гламурозна о...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg