Девојка од Вашингтон беше изневерена од свршеникот - го прослави распадот на свадбата (фото)


Девојка од Вашингтон беше изневерена од свршеникот - го прослави распадот на свадбата (фото)

„Имам 99 проблеми, но сопругот не е еден од нив“ порача Мередит Мата (27) и ја бојадиса венчаницата во црно, откако свршеникот ја изневери.

devojka-od-vashington-beshe-izneverena-od-svrshenikot-go-proslavi-raspadot-na-svadbata-foto-19.jpg

Мередит Мата (27) од Вашингтон била во врска четири години со својот сакан, а биле дури и свршени. Но, таа се сомневала дека тој ја изневерува и на крај испаднало дека навистина е така.

devojka-od-vashington-beshe-izneverena-od-svrshenikot-go-proslavi-raspadot-na-svadbata-foto-15.jpg

Мередит веднаш ја откажала свадбата и за да не ѝ пропадне капарот кој им го дала на фотографите одлучила да си направи гламурозна фотосесија по повод распаѓањето на нејзината свадба.

devojka-od-vashington-beshe-izneverena-od-svrshenikot-go-proslavi-raspadot-na-svadbata-foto-12.jpg

Таа го прославила откажувањето на свадбата со боење на венчаницата во црно, со пресоблекување во кус црн фустан и со торта со напис „Не прифаќам“.

devojka-od-vashington-beshe-izneverena-od-svrshenikot-go-proslavi-raspadot-na-svadbata-foto-04.jpg

devojka-od-vashington-beshe-izneverena-od-svrshenikot-go-proslavi-raspadot-na-svadbata-foto-20.jpg

Потоа позирала со написи од типот „Имам 99 проблеми, но сопругот не е еден од нив“ или како пие шампањ во венчаница и на тема свадба порачува „Можеби еден ден, но не денес“.

devojka-od-vashington-beshe-izneverena-od-svrshenikot-go-proslavi-raspadot-na-svadbata-foto-22.jpg

Мередит вели дека сакала да излезе посилна од ситуацијата која ѝ го скршила срцето, па наместо да очајува дома, одлучила да се забавува на ваков начин.

devojka-od-vashington-beshe-izneverena-od-svrshenikot-go-proslavi-raspadot-na-svadbata-foto-21.jpg

„Сум гледала забави по повод разводи и мислев дека тоа е навистина кул, но не верував дека некогаш јас ќе се најдам во слична ситуација. Блиските ме поддржаа откако им го кажав планот“, вели Мередит, која вели дека верува дека еден ден ќе го сретне вистинскиот.

devojka-od-vashington-beshe-izneverena-od-svrshenikot-go-proslavi-raspadot-na-svadbata-foto-05.jpg

devojka-od-vashington-beshe-izneverena-od-svrshenikot-go-proslavi-raspadot-na-svadbata-foto-08.jpg

devojka-od-vashington-beshe-izneverena-od-svrshenikot-go-proslavi-raspadot-na-svadbata-foto-10.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка ѝ сошила на баба си копија од венчаницата, изгубена пред 50 години Врската на бабите и внуките е неверојатна... Девојка од Шкотска две седмици шиел...
Девојка за својата свадба му сошила невестински фустан и на кучето „Не знам дали некогаш ќе можам да имам деца, па мене таа ми е како дете“, изјави...
Девојка одлучила нејзините баби да ѝ бидат деверици на свадбата (фото) Со оглед на ограничувањето на бројот на гостите на нејзината свадба и фактот дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg