Најчестите грешки при купување венчаница за кои невестите се каат

Забораваат и не ги планираат другите трошоци поврзани со венчаницата, како нејзиното преправање, долната облека, чевлите…

najchestite-greshki-pri-kupuvanje-venchanica-za-koi-nevestite-se-kaat-01.jpg

Одбирањето на совршената венчаница е важен, забавен, а неретко и многу стресен миг за секоја невеста.

За многу девојки и жени, венчавката е најважниот ден од нивните животи, па нормално дека сакаат да изгледаат што е можно подобро.

Но, иако можеби знаат што сакаат и сметаат дека ќе најдат венчаница без многу проблем, повеќето девојки и жени ги повторуваат истите грешки за кои подоцна се каат.

Хејли Сегар работи во салон за венчаници повеќе од седум години, а за Insider ги споделува овие грешки.

Најчестите грешки што ги воочила Хејли:

Не ја купуваат венчаницата што ја сакаат поради мислењето на другите

Хејли вели дека ова се случува премногу често и забележала дека невестите ја купуваат венчаницата што им се допаднала на пријателките, мајка им, свекрвата или кој било, а не онаа што ја сакаат тие.

Резултатот, пак, е секојпат ист – невеста која не е задоволна од својата венчаница.

Хејли советува да го земете предвид мислењата на другите, но да ја одберете венчаницата што вам ви се допаѓа и во која знаете дека ќе се чувствувате удобно и убаво.

najchestite-greshki-pri-kupuvanje-venchanica-za-koi-nevestite-se-kaat-02.jpg

Се фокусираат само на венчаницата, а забораваат за шминката и фризурата

Низ разговорите со жените кои веќе ја имале својата венчавка, Хејли сфатила дека голем дел од нив се каат што не размислиле добро за шминката и фризурата и се фокусирале само на венчаницата.

„Некои невести потрошиле толку многу време на венчаницата, што не ни помислиле како ќе изгледаат на венчавката, но и фотографиите, поради шминката и фризурата“.

Советот на Хејли е да обрнете внимание и на овие детали, па дури и да направите пробна фризура и шминка пред да ги најдете совршените за вас.

najchestite-greshki-pri-kupuvanje-venchanica-za-koi-nevestite-se-kaat-03.jpg

Забораваат за другите трошоци околу венчаницата

Ако шиете или купувате венчаница, јасно е дека ќе потрошите мало богатство. А, Хејли истакнува дека неретко невестите забораваат дека венчаниците кријат и други трошоци покрај нивната цена.

Ако купите готова венчаница, мора да земете предвид дека веројатно ќе треба да потрошите некој денар за да ја преправите големината.

Покрај тоа, овде се и други ситници, како соодветна долна облека, чевли, накит и слично кои можат да чинат многу повеќе од планираниот буџет.

najchestite-greshki-pri-kupuvanje-venchanica-za-koi-nevestite-se-kaat-04.jpg

Нереалните очекувања ги оставаат разочарани

Хејли забележала дека многу невести купуваат венчаница и потоа се надеваат дека со преправање ќе ја доведат до совршенство.

Без разлика дали станува збор за менување на големината, преправање на здолништето или средување на кој било дел што не им се допаѓа, тие премногу се потпираат на ова и неретко имаат нереалистични очекувања.

За да го избегнете ова, Хејли советува добро да размислете дали преправките што сакате да ги направите се воопшто возможни. Ако одговорот е не, подобро одберете друга венчаница.

najchestite-greshki-pri-kupuvanje-venchanica-za-koi-nevestite-se-kaat-05.jpg

Купуваат венчаница во последен момент

Според Хејли, многу девојки и жени одат да купат венчаница кога е премногу доцна.

Без разлика дали поради стресот, желбата да ослабат или нешто сосема друго, оваа грешка ја прават многу невести.

Хајли истакнува дека доколку имате неколку месеци за планирање на венчавката, почнете уште веднаш да барате венчаница. Колку повеќе чекате, толку помалку избор ќе имате бидејќи ќе нема време за шиење или преправање.

najchestite-greshki-pri-kupuvanje-venchanica-za-koi-nevestite-se-kaat-06.jpg

Забораваат да се забавуваат

Јасно е дека планирањето венчавка и одбирањето венчаница е стресно, а повеќето невести го забораваат најважниот детаљ – да се забавуваат.

„Невестите како да забораваат дека сето ова треба да бие забавно. Сум видела многу невести кои го сфаќале купувањето венчаница премногу сериозно. Дозволете си да уживате во периодот на прослави и процесот на купување венчаница“.

najchestite-greshki-pri-kupuvanje-venchanica-za-koi-nevestite-se-kaat-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Девојка ја прекроила венчаницата која на свадба ја носеле мајка ѝ и баба ѝ - ја расплака баба си (ви... Баба ѝ и мајка ѝ го носеле овој фустан на нивната свадба, а Британи сега го носи...
Немало луксуз и веселби со 500 гости - Како изгледале свадбите во Југославија? Свадбите во Југославија биле скромни, во кругот на семејството, без гламурозна о...
10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...
5 предлози за невестински маникир кои ќе бидат хит во 2024-та Светло розовите нокти се женствени и ќе бидат популарен избор во 2024&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg