11 (задолжителни) фотографии кои невестата вреди да ги направи пред да се појави во венчаница
Подготовка на шминка и фризура, венчаница и штикли спремни да се облечат, другарките кои ви помагаат да се облечете и мајката која ви помага да го финиширате изгледот со очи полни солзи-радосници - интимни и спонтани моменти кои вреди да бидат овековечени.

Утрото, неколку часа пред да го кажете судбоносното „да“, е највозбудливо за невестата и за нејзините најблиски.
Старосватицата, другарките и најблиските од семејството се дотерани и возбудено чекаат да ве видат како ќе заблескате на вашиот најважен ден, а тие неколку часа додека вие се подготвувате ќе бидат исполнети со забава, шампањ и по малку анксиозна возбуда – овие моменти вреди да бидат документирани засекогаш.
Токму затоа, доколку сакате да ги имате овие интимни и спонтани моменти овековечени, добро е да поразговарате со фотографот за задолжителните фотки кои сакате да бидат дел од фото-албумот.
Но, од каде да почнете? Инспирирајте се во продолжение со неколку идеи за фотки кои вреди да ги имате:
Разубавување на невестата

Венчаницата закачена и подготвена за невестата

Кадар од штиклите, накитот и додатоците за невестата

Момент во мир додека невестата се созема и подготвува за големиот ден

Возбудата и откачени моменти помеѓу другарките и невестата

Сентиментални детали (ако имате вметнато во облеката или додатоците)

Облекување на венчаницата со помош од старосватица/сестра/мајка

Закопчување на чевлите

Финиширање на изгледот со додавање накит и додатоци

Интимен момент со мајката/таткото/бабата и емотивните реакции

Реакциите на блиските во моментот кога ќе ве видат

M. M. | Црнобело