Младенци бараат гостите да си го платат оброкот на свадбата, но и да им подарат пари: „Ова не е донаторска акција“

„Би платила за мојот оброк ако младенците не бараат подарок. Но навистина е смешно да очекувате да ви дадат пари и да си платат за оброкот“, гласи еден од многуте коментари за младенците кои бараат гостите да им дадат „подарок во плико“, но и сами да си ги покријат трошоците за храна на свадбата.

mladenci-kritikuvani-baraat-gostite-da-si-go-platat-obrokot-na-svadbata-no-i-da-im-podarat-pari-ova-ne-e-donatorska-akcija-01.jpg

Иако свадбените традиции се различни во целиот свет, некои „правила“ се исти насекаде кога станува збор за прославата.

Семејствата на младенците ги покриваат трошоците за прославата, а гостите само треба да се појават со подарок и да се забавуваат.

Токму поради ова, корисниците на ТикТок беа зачудени од одлуката на жена која им кажала на своите гости дека треба да се појават со подарок (најдобро пари), но и сами да си платат за оброкот на свадбата.

Тиктокерката Кели сподели видео кое брзо стана вирално на кое ја покажува поканата за свадба што ја добила од жената.

@kellikeylimepie Tell us how you really feel! #weddingtiktok #weddingguest #strugglebus ♬ original sound - Kelli

И самата Кели била непријатно изненадена кога најдоле на поканата го забележала натписот:

„Ве молиме разберете дека сте обврзани да платите за вашиот оброк“.

mladenci-kritikuvani-baraat-gostite-da-si-go-platat-obrokot-na-svadbata-no-i-da-im-podarat-pari-ova-ne-e-donatorska-akcija-02.jpg

Но, ова не е единствената инструкција која Кели ја забележала на поканата. Имено, младенците додале дека ги ценат сите подароци, но преферираат пари.

Иако е нормално за младенците да побараат „подарок во плико“, повеќето корисници во коментарите истакнуваат дека ова не е во ред штом тие очекуваат гостите да дадат пари и за оброкот.

mladenci-kritikuvani-baraat-gostite-da-si-go-platat-obrokot-na-svadbata-no-i-da-im-podarat-pari-ova-ne-e-donatorska-akcija-006.jpg

Дел од коментарите во продолжение:

„Ако не можете да си дозволите свадба и да платите за гостите, тогаш или не викајте многу гости, или направете прослава само со најблиското семејство“.

„Некои луѓе мислат дека свадбата е акција за донирање средства“.

mladenci-kritikuvani-baraat-gostite-da-si-go-platat-obrokot-na-svadbata-no-i-da-im-podarat-pari-ova-ne-e-donatorska-akcija-04.jpg

„Би платила за мојот оброк ако младенците не бараат подарок. Но навистина е смешно да очекувате да ви дадат пари и да си платат за оброкот“.

„Никогаш нема да разберам зошто луѓето не прават свадби што можат да си ги дозволат. Нема ништо срамота во тоа да направите мала свадба“.

„Зборот ’обврзани‘ не треба да се наоѓа на ниту една покана за свадба“.

mladenci-kritikuvani-baraat-gostite-da-si-go-platat-obrokot-na-svadbata-no-i-da-im-podarat-pari-ova-ne-e-donatorska-akcija-003.jpg

Што мислите за оваа одлука на младенците? Дали вие би отишле на свадба на којашто треба да платите за вашиот оброк, а притоа да им дадете пари на младенците?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Катерина пред свадбата ја облече венчаницата од баба ѝ, стара 57 години: „Горда сум на корените, ме ... „Моја желба беше земањето невеста да биде од дома - таму каде што се моите први ...
Магичната бохо свадба во природа во Струмица на Марија и Мартин, кои учеле во исто одделение во осно... Под отворено небо, со дрвени бохо конструкции, рачно изработени макраме детали, ...
Девет работи што никако не треба да ги правите на свадба, според бонтон експерт Немојте да доцните, никако немојте да носите бела облека и немојте да пиете мног...
Двете свадбени прослави на Иво и Настасја од Скопје - сицилијанска бајка во Сули Ан, па во ресторан ... „Сули Ан го претворивме во сицилијанска бајка: маси со златни детали, свежи цвеќ...
Антонио од Негорци на хит начин се збогуваше со мотоциклот на денот на својата свадба (фото) Антонио Камберов (25) на својата свадба со саканата Кика на шеговит начин се збо...
Жена отишла на свадбата на син ѝ во венчаница – снаата ја објави јавно за да ја посрамоти „По свадбата ни рече дека не направила ништо погрешно. Но, се чувствував засраме...

Најчитани неделава